Реклама
Наши ѕвезди

Бали Бег поминува низ животна драма: Познатиот турски актер е во ужасна состојба – поради депресија се повлекува од јавноста

Реклама

Бали-бег го минува најтешкиот период во животот

Познатиот турски актер Бурак Озчивит во последно време изгледа потполно непрепознатливо. Повеќе не е ни сенка од мажествениот Бали-бег од Сулејман Величествениот, низ Истанбул се движи како дух, потполно исцрпен, со подочници и испиено лице.

Маркетинг

Според турските медиуми симпатичниот Бали-бег се соочува со деловни неуспеси, а семејната драма која што ја проживува во последните неколку месеци поради болеста на неговиот дедо дополнително го загрижува. Медиумите пишуваат дека боледува од таканаречениот „синдром на согорување“, а неговата единствена потпора во моментов е неговата сопругата Фахрије Евџен која исто така минатата година помина низ многу тежок период.

Маркетинг

Бали-бег неодамна одлучи и јавно да се огласи во врска со неговите проблеми и порача: „Да, во последно време се чувствувам депресивно. Потребен ми е одмор и секако во скоро време нема да ме видите како работам.“

https://instagram.com/p/BjmWU2cAy7M/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

Од истиот синдром боледуваше и неговата колешка Мерјем Узерли која го напушти снимањето на „Сулејман Величествениот“.

https://www.instagram.com/p/Bma47ddAqDr/

„Во тие моменти сакав да се фрлам од балконот, но за среќа на време бев спречена. Оваа слава и снимањето по десет часови на ден ме доведоа до тоа повеќе да не сакам да живеам“ – изјави своевремено таа.

https://www.instagram.com/p/BiNUZwHlGAO/?taken-by=britneyspears

 

И Бритни Спирс, тинејџерската ѕвезда од 90-тите исто така ја искуси темната страна на популарноста. И додека на почетокот на кариерата негуваше стил на симпатична и добра девојка, под притисок на обожавателите, но и бројните настапи Бритни пукна во 2007 година.

https://www.instagram.com/p/Bk3xXGBnYWS/?taken-by=britneyspears

Тогаш беше снимена како си ја бричи главата, а потоа и со чадор ги нападна папараците. Беше тоа моментот кога потполно беше скршена, а за тоа допринесе и распадот на нејзиниот брак и старателството над синот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button