Баба Цеца објави преслатко видео со кое им ги стопи срцата на сите – ПОГЛЕДНЕТЕ како ужива нејзиниот внук (ФОТО)

Многумина се воодушевија од глетката

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ за себе може да каже дека е најсреќната жена на светот.
Покрај тоа што има здраво семејство и важи за една од најуспешните пејачки на целиот Балкан, па и пошироко, таа е посебно среќна и заради тоа што стана баба.
Само да потсетиме, синот на Цеца, Вељко, и неговата сопруга Богдана добија син на 3 јуни минатата година.

Малиот Жељко тогаш стана центарот на светот на целото семејство, а Цеца беше пресреќна и ужива во својата нова улога. Таа на својот профил на Инстаграм редовно објавува семејни моменти, а овој пат сподели фотографија од внукот со која ги разнежни своите бројни фанови.

На видеото може да се види како малиот Жељко ужива додека јава на пони. Тој цело време се смешка, а Вељко го држи да не падне.
„Сака коњи, ќе мора да му купиме пони“, кажа неговиот татко додека го придржуваше својот наследник.

Нема да се омажам за Богдан
Инаку, Цеца неодамна ексклузивно за српскито портал „Еспресо“ зборувапе за убавите моменти во својата кариера, но и за својот емотивен партнер.

„Публиката е најдобар параметар колку вредите, неа не можете да ја измамите доколку нешто е фејк. Порано носев гудачи и хор, но сега ситуацијата е поинаква исклучиво заради короната“
Што се однесува до нејзиниот нов албум и дали работи на нови песни, Цеца го изјави следново:
„Чекаме да се оправи Марина, таа е најважната алка во мојот тим. Ги ослушнувам мелодиите, не сум мрзлива, има тука некои песни, но повторно велам, ја чекаме марина да го даде завршниот збор бидејќи сепак таа е таа што ги пишува приказните за тие мелодии.

Таа потоа откри и детали од врската со нејзиниот партнер Богдан Срејовиќ, а во врска со тоа дали планира повторно да застане на лудиот камен таа вели:
Ние двајцата сакаме исклучиво незадолжителни работи, се пошегува познатата пејачка на своја сметка.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
