TV

Аферата на главните актери од серијата „Кога лисјата паѓаат“ за која збореше цела Турција: Не им пречеше ни разликата од 36 години!

За нив зборуваа сите...

Реклама
Реклама

Турската серија „Кога лисјата паѓаат“ беше една од најгледаните серии на овие простори.

фото инстаграм/Дениз Чакир

Маркетинг

Али Риза беше главата на семејството Текин, а гледачите сигурно ги паметат сестрите Лејла и Неџла, како и нивниот брат Шевкет…

Маркетинг

фото инстаграм/Дениз Чакир

Меѓу нив беше и злобната Ферхунде, снаата на Али Риза, со која често имаше интригантни односи.

фото инстаграм/Дениз Чакир

Додека Али Риза и Ферхунде во серијата имаа лоши односи и речиси секогаш беа во судир, сепак во приватниот живот беше поинаку.

За нивната врска пишуваа многу турски медиуми, а љубовниот живот на Дениз Чакир има повеќе заплети дури и од најдобрата турска серија.

фото инстаграм/Дениз Чакир

Како што пишуваа медиумите наводно актерите Халил Ергун и Дениз Чакир тогаш биле многу интимни, па се шпекулираше дека биле дури и во тајна љубовна врска.

фото инстаграм/Дениз Чакир

Тој тогаш имал 65, а таа 29 а разликата од 36 години не била пречка за нивното пријателство кое очигледно прераснало во нешто повеќе.

фото инстаграм/Дениз Чакир

Серијата се снимаше четири години, од 2006 до 2010 година, а приказната за нивната врска започна кога двајцата се пофалија, ги истакнаа успесите на другиот, а медиумите го следеа примерот, според големата популарност на серијата.

фото инстаграм/Дениз Чакир

Уште тогаш се издвојуваа од останатиот дел од тимот, разговараа, се шегуваа и се дружеа, а се пишуваше и дека има фотографии на кои се гледа како одат во кино, на вечера, каде тој ја бакнувал за раката…

фото инстаграм/Дениз Чакир

Дениз тогаш изјави дека и се допаѓа Халил и не криеше дека многу го почитува.

– Овде во Истанбул сум осамена, бидејќи моето семејство и пријателите се во Анкара. Пријателството со Халил е најубавото нешто што ми се случило. Со него можам да уживам во се, и не ми е гајле што мислат другите  – изјави еднаш убавата Дениз.

фото инстаграм/Дениз Чакир

Халил во една прилика призна дека има многу заеднички нешта со младата Дениз но нивната врска е на „пријателска основа“.

Халил и Дениз продолжија да се дружат и по завршувањето на снимањето на серијата.

фото инстаграм/Дениз Чакир

Новинарите пишуваа за една средба кај пријатели блиски до нив каде, добродушниот Али Риза од серијата испил „чаша повеќе“ и за малку ќе паднел додека излегувале од ресторанот, но Дениз и нивниот пријател успеале да го доведат до автомобилот.

фото инстаграм/Дениз Чакир

Тие двајца никогаш не признале што навистина се случува меѓу нив, но ретко кој верува дека тоа било само чисто пријателство…

фото инстаграм/Дениз Чакир

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button