Реклама
Вирално

Анџела ја победи короната: Ја ставија во индуцирана кома и ја породија, бебето наскоро ќе се дојде дома

Реклама

Анџела Примаченко (27) од Ванкувер во Вашингтон која работи како респираторен техничар, имала покачена температура и останати симптоми на коронавирус пред да се тестира на Ковид-19.

Осум дена по тестирањето ставена е на респиратор, а лекарите во медицинскиот центар „Legacy Salmon Creek” ја вовеле во индуцирана кома, сметајќи дека тоа е најдобро решение за неа и за бебето.

Со индуцирани контракции се породина првиот ден од овој месец, а пет дена подоцна е тргната од респиратор. Дознала дека се породила, како и тоа дека нејзината ќерка е добро.

Маркетинг

-Се чувствувам како чудо кое оди – рекла мајка ѝ.

Бебето негативно на Ковид-19

Маркетинг

– Никој не очекуваше дека ќе се разболам, така што и не очекував дека сега ќе се породам. После сите лекови и се што се случи, се разбудил и оддеднаш видов дека повеќе немам стомак. Беше тоа нешто неверојатно -раскажа Анџела која е отпуштена од болница додека нејзината ќерка Ава останалана на неонаталното одделение на интензивна нега.

https://www.instagram.com/p/B_DZyCfAUDq/?utm_source=ig_embed

Бебето кое нема вирус, можела да го види само преку Фејс тајм. Морала два пати да биде негативна на Ковид-19 за да ѝ дозволат да биде покрај ќерката.

Со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг Дејвид не бил позитивен на тестот, можел да се грижи за бебето. Сега таа конечно може да биде со Ава и тој момент бил повеќе од среќа.

Анџела и Дејвид ја имаат и ќерката Емила од 11 месеци која покрај сестрата е негативна на Ковид-19. Сестрата близначка на гордата мајка Оксана Лутен на Инстаграм ја прикажуваше борбата на својата сестра.

https://www.instagram.com/p/B_LZwGYH63S/?utm_source=ig_embed

Се бореше и малечката Ава, одлично напредува, добива на тежина и наскоро родителите ќе ја одведат дома.

Медицинскиот персонал вака ја поздрави чудесната мајка, а сега многумина на Инстаграм го поздравуваат и нејзиното чудесно бебе.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button