Анче Џамбазова и Петре Прличко на бесна машина: Игор Џамбазов сподели досега невидена фотографија од мајка му и дедо му
Македонскиот шоумен сподели фотографија која привлече огромно внимание кај публиката.
Игор Џамбазов објави досега невидена фотографија од неговите мајка и дедо.
Актер, забавувач, ТВ водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец…ова се само дел од талентите кои Игор ги има.
ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов
Роден е на 15 јули 1963 во Скопје во семејството на композиторот Александар Џамбазов и глумицата Анче Џамбазова, а како внук на истакнатиот глумец Петре Прличко.
Со глума почнал да се занимава уше кога имал 6 години, а денес зад себе има многу успешни филмски и театарски улоги.
ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов
Уметничката атмосфера која владела во семејството Џамбазови мошне рано го внела во светот на музиката.
Игор денес е активен на социјалните мрежи, каде неговите фанови го следат каде е и што прави.
Токму и Инстаграм го користи за да ја засмее публиката и тоа одлично му оди.
Многу често знае да сподели и ретро фотографии од неговото семејство и да ја воодушеви публиката.
Така беше и овој пат.
На неговиот Инстаграм се појави ретро фотографија од Анче и нејзиниот тато, Петре Прличко, качени на мотор.
„Дедо и мама на “Прима”, пред Македонскиот народен театар, 1960 година. Молам? Шо рековте? Не ве слушам од бесната машина ..“, напиша Игорво опис на фотографијата.