Антониа Гиговска застана во одбрана на Луна Џогани – не, јас не ја пеам нејзината песна, тоа НЕ е мојот глас (видео)

Новиот спот на Луна Џогани го „запали“ интернетот

Луна Џогани пред неколку недели го најави, а вчера и премиерно го претстави својот сингл „Деветти круг“. Песната е инспирирана, како што и самата кажа, од љубовната приказна со Слоба Радановиќ што ја доживеа во „Задруга 1“. Спотот само во првите 15 минути имаше преку 100.000 прегледи на Јутјуп, што се бројки за секоја почит, а посебно за некој кој е на самиот почеток од својата кариера.

ADVERTISEMENT

Но, како што тоа обично и се случува кога е во прашање Луна, мислењата за нејзиниот спот секако дека беа поделени.

 

И додека едни го фалеа нејзиниот труд и ги оценија песната и спотот како одлични, други ја обвинија дека ја копира Анастасија Ражнатовиќ, а имаше и такви кои се убедени дека гласот во песната НЕ е нејзин.

„Премногу е очигледно дека ова не е твојот глас, туку гласот на Антониа Гиговска“, и порачаа во коментарите.

И пред самата премиера на песната „Деветти круг“, Лепи Мича, во емисијата „Задруга – Народот прашува“ откри дека оваа нумера не ја пее Луна Џогани туку Антониа Гиговска, па на тој начин Луна се обидува, како што самиот кажа, како и нејзината мајка Анабела Атијас, во 90-тите години од минатиот век, да направи кариера само со отворање на уста.

Поради ова мораше да се се огласи и самата Антониа.

„Ја отпеав песната за да докажам дека не ја пеам јас туку Луна, и дека тоа е нејзиниот глас, и нејзина песна. Навистина би сакала да и честитате што направи голем труд. Песната е супер и навистина немам потреба за коментари дека јас сум ја испеала кога не сум јас. Јас ги пеам само придружните вокали. Ми беше драго што ме покани и што сакаше токму јас тоа да го сработам. Нејзиниот глас е нејзин и нема потреба за такви коментари. Не напаѓајте ја Луна бидејќи тоа не е точно!“ порача јасно Гиговска преку Инстаграм.

Како и да е факт е дека песната на Луна Џогани за помалку од 24 часа има повеќе од милион и пол прегледи на Јутјуб, како што е факт и тоа дека со овие бројки ретко која пејачка од регионот може да се пофали. А тоа е голем успех и тоа никој не може да и го оспори на Луна.

Facebook Comments
(Visited 34 times, 1 visits today)