Реклама
Наши ѕвезди

Анета Наковска БЕСНА И ИЗРЕВОЛТИРАНА се огласи на социјалните мрежи: „Зошто никој ништо не кажува, што е работава, каде живееме“

Реклама

Нема влакна на јазикот и повторно „удри“ на властите.

ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук

Македонската фолк-пејачка Анета Наковска е една од ретките која гласно го кажува своето мисленје на секоја тема, без никаков страв дека ќе биде осудена за тоа.

Доста е активна на социјалните мрежи каде знае да сподели и фотографии од приватниот живот.

Маркетинг

Мора да се забележи дека пејачката која ја гази петтата деценија од животот изгледа подобро од многу млади девојки.

ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук

менила неколку професии пред да се реализира во музичкиот бизнис. За популарната пејачка која веќе неколку години живее на релација Македонија-САД, естрадата дефинитивно не била прв избор.

Маркетинг

– Прва работа ми беше во агенција за недвижности, за подоцна да работам во фирмата на моите родители. Се пробав и во книговодството, а работев и на шанк во кафеана која беше сопственост на моите родители.

ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук

Бев вработена и во еден мобилен оператор, прво во правна служба, па во продажен салон, а најдолго се задржав во инфо-центарот – откри фолкерката во едно интервју за „Дневник“.

Во таа пригода таа образложи дека нејзината животна девиза е човекот секогаш чесно да работи и да заработи.

– Како што велат возрасните, бадијала работи, бадијала не седи. Тоа е и моето животно мото – раскажа Наковска.

ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук

Пејачката често да социјалните мрежи ги критикува актуелните власти.

На Фејсбук објави објави интересна порака со која предизвика внимание на социјалните мрежи

„Има уште многу вакви докази, карти на Македонија од подалечното минато како што знаеме, но еве сега две споделувам заедно со топли поздрави до сите оние кои велат дека Македонија никогаш не била држава. Ме интересира што размислуваат додека ги гледаат овие карти??Ако веќе самите ја немаат таа моќ да го чувствуваат во себе нашето славно минато…“, напиша пејачката.

Деновиве таа го изрази својот револт поради немањето електрична енергија додека надвор температурите се под нулата.
„Зошто никој ништо не кажува, Кисела вода и пола Пржино како и други околни улици а разбрав и Арачиново од 3 и 15 се досега нема струја ,никаков одговор од никого, каде живееме, што е работава, одговорен за ништо нема у Северџанијава??? Снег врне толку е ладно а струја нема цел ден, па дали сте бре нормални???!!!“, објави Наковска вчера.

ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук

Анета е долги години во среќен брак со охриѓанецот Спиро Крлевски кој живее во САД и поради кој долго време беше на релација Америка-Македонија.

Во едно свое интервју откри како се запознале.

„Со Спиро првпат се бакнавме во авион. По само девет дена ме побара за жена, раскажа Наковска.

ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук

Неодамна, кога за нејзиниот роденден доби подарок 101 роза од Спиро, таа го објави тоа на социјалните мрежи и истакна дека е неверојатно чувството кога саканиот ќе ви направи вакво изненадување за роденденот.

„Епа најмил мој, мажу мој љубен, утрово кога го добив букетов знаеш дека ми се насолзија очите, но не знаеш дека на денешниов ден посакав токму 101 роденден заедно двајцата да си славиме еден дааааалечен ден… Многу ти благодарам љубов за ова прекрасно изненадување. Да, јас си почекав подолго во животот, ама вредело се, бидејќи принцот си го дочекав“, напиша пејачката Наковска.

ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук

Спиро и Анета живеат во Америка, а слободното време го користат за уживање во нивната луксузна куќа во охридското село Велгошти.

Куќата е цела изградена од камен, а особено впечатлив е големиот дневен простор со внатрешен базен. Комбинацијата на бетон, греди и локален камен на целокупната градба и даваат специфичен изглед кој претставува спој на модерната и рустикалната архитектура.

ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук

Деновите на пандемијата ги поминуваа овде, а пејачката скоро секој ден се фали со луксузот во кој уживаат.

Пејачката одлучи да го спои убавото и корисното, па дел од својот дом претвори во ресторан.
Погледнете фотографии и уживајте:

ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук
ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук
ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук
ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук
ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук
ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук
ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук
ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук
ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук
ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук
ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук
ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук
ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук
ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук
ФОТО: Анета Наковска / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button