Познатата фолк-пејачка Анета Мицевска од Молика ја отпеа „Proud“ и ја воодушеви својата публика.
Имено, Анета песната најпрво ја отпеа на еден настан по што од некои беше критикувана дека не пее во живо, па таа одлучи да ја испее евровизиската песна на Тамара во живо и тоа на социјалните мрежи.
„Пред некое време на еден наш настап нашето славејче Анета ја испеа песната ‘Proud’ во живо, па од тука имаше многу позитивни ама имаше и негативни коментари кои тврдеа дека не е во живо, па дека пее Тамара итн. Бевме приморани да ви докажеме дека Анета не пее на ‘плејбек’. Поздрав“.
Видеото беше објавено на фан страната на бендот Молика, а како таа звучи можете да слушнете во продолжение.
Пејачката доби бројни позитивни коментари и пофалби за нејзиниот глас од своите обожаватели. Некои од нив коментираа дека песната ја пее дури и подобро од Тамара Тодевска, која песната ја испеа на Евровизија кога го освои првото место според гласовите од жирито.
Па, дали ви се допаѓа изведбата на Анета?