Анета и Џими од група „Молика“ објавија убава вест што МНОГУМИНА ИЗРАДУВА: Жените воодушевени!
Еве каде Анета заедно со „Молика“ ќе настапи за 8. Март...
Ова најмногу ќе ги израдува жените!
Нашата позната фолк-пејачка порачува дека за 8-ми март ќе се дружи со нашите иселеници во Виена, Австрија.
Познатата македонска фолк-пејачка, Анета Љумаковска, во последно време се почесто ја гледаме во медиумите, но и на настапи каде секогаш прави забави за кои долго време се зборува.
Впрочем пејачката сега ветува дека така ќе биде и за 8-ми Март кога заедно со групата „Молика“ ќе приреди концерт за паметење.
Фејсбук/ Молика
Репертоарот секако дека за оваа пригода ќе биде посебен, а дамите посебно ќе можат да уживаат во нејзините песни.
Ве очекуваме на добра забава да го прославиме Денот на жената заедно со Анета и група „Молика“, пишува во објавата со која Анета ги поканува нашинците од дијаспората преку социјалните мрежи.
Фејсбук/ Молика
Тие заедно ќе настапат и на 9 март, во Брисел, Белгија, а Анета и за овој настан ги покани нашинците да дојдат заедно да го прослават Денот на жената ветувајќи одлична забава со добра македонска песна.
.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Интересно е и тоа што Анета настапува заедно со својот поранешен сопруг, Џими Мицевски и неговиот бенд „Молика“. Овој состав им е добро познат на сите, а оние што биле на нивните забави знаат дека Анета заедно со момците од бендот ќе направи сé за одлична веселба и како секоја жена би се чувствувала посебно на овој ден.
А тоа дека забавата навистина ќе биде луда воопшто и не се сомневаме, посебно кога е во прашање оваа екипа.
Во продолжение слушнете неколку нивни песни…