Наши ѕвезди

Анета заради Џими и Молика го има одбиено Поповиќ?! Пејачката е една од ретките што го направила тоа

Денес малкумина се сеќаваат на овој момент од кариерата на нашата позната фолк-пејачка

Advertisement

Пејачката го одбила без да размислува

Една од нашите најпознати и најдобри фолк-пејачки, Анета Љумаковска, пред нешто повеќе од десетина години имаше добиено „непристоен“ предлог од Саша Поповиќ и неговата позната Гранд продукција која важи за една од најголемите на Балканот.

Advertisement

Имено, како што пишуваа тогаш медиумите од соседството, пејачката на групата „Молика“ тогаш не сакала да потпише петгодишен договор со „Гранд“, па и ден-денешен важи за една од ретките пејачки што на Саша Поповиќ јавно му кажале „НЕ“.

Тоа се случи пред нешто повеќе од десет години, кога Анета веќе петнаесетина години настапуваше со групата „Молика“ во која членуваше заедно со својот поранешен сопруг, Џими Мицевски, кој се уште е фронтмен на овој познат состав.

Advertisement
Принтскрин/ Јутјуб, Кафанско вече

Како што своевремено пишуваше порталот „Светплус“, тие тогаш биле на состанок со Поповиќ и продуцентите на Гранд, а кога Саша ја слушнал Анета како пее, веднаш и понудил да потпишат договор.

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

„Гранд само на мене му понуди петгодишен договор, но јас ги одбив. Им кажав дека веќе имам договорени настапи во Македонија и странство се до крајот на следната година. Покрај тоа не сакам да се одвојувам од групата. Ние сјајно функционираме заедно и веќе сме уигран тим“, изјави тогаш пејачката.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Потсетуваме, пред неколку недели сите беа изненадени кога се прошири веста дека Анета и Џими решиле да се разделат.

Тие повеќе од 20 годни беа во брак, но и задно настапуваа со „Молика“, а како што и двајцата потврдија, остануваат заедно во групата се додека не завршат сите настапи што веќе ги имале закажано, а потоа секој продолжува по свој пат. Анета веќе го промени презимето во Љумаковска и ја започна својата соло кариера, а ги изненади сите и со новата промена на својот имиџ.

Повеќе за ова прочитајте тука

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button