Анета е една од најубавите жени на нашата сцена, а сега ги изненади сите со промената што ја направи (фото)
Никогаш не изгледала поубаво
Важи за една од најубавите пејачки, а нејзиниот нов имиџ ги изненади нејзините бројни фанови
Анета Љумаковска отсекогаш важела за една од најубавите жени на нашата јавна сцена, а откако го промени имиџот никого не остава рамнодушен, посебно заради еден впечатлив детаљ.
Имено, таа од неодамна реши да направи мала промена и малку ја скрати косата, а модерната боб фризура им се допадна на многумина.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа со новата фризура вчера блесна и на сцената на „Роса фест“, за што доби голем број комплименти, но и лајкови на социјалните мрежи.
Но покрај новата фризура, Анета ги воодушеви сите и со црниот фустан што го избра за оваа пригода, a со кој го истакна своето тело.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Пејачката целото издание го заокружи со црни високи потпетици и црвен кармин, а како изгледаше погледнете во продолжение.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Инаку, Анета неодамна во интервју за Гламур магазин откри дека следи мода, но и дека во изборот на облеката што ја носи не се раководи од популарните трендови, туку го преферира она што нејзе и стои најубаво. За неа исто така е многу важно, во облеката што ја носи, првенствено да се чувствува пристојно, и како што самата вели, жената ја прави убава само една работа, а тоа е љубовта.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Повеќе за тоа што сé ни откри Анета во врска со неа прочитајте тука, во нејзиното последно интервју за Гламур магазин, најчитаниот интернет портал за познатите во Македонија.