Пејачката Анабела Атиас отворено проговори за тешките моменти низ кои минувале таа и нејзиното семејство.
фото инстаграм/Анабела Атиас
Анабела денеска е среќна баба на две внучиња кои за неа се целиот свет, но не крие дека порано многу ја погодувале коментарите упатени на неа и нејзините најблиски.
фото инстаграм/Анабела Атиас
Открива дека поработила на себе и, како што вели, не се навраќа на коментарите на поединци.
фото инстаграм/Анабела Атиас
– Најмногу се обвинувам себеси што се вклучував во она што некој ќе го каже. Ги погледнував коментарите секогаш и тогаш навистина се изгорев и сфатив дека тоа е глупост. Работев многу на себе, па кога некој ќе каже нешто за мене, јас велам „Па што?“ – посочи таа.
фото инстаграм/Анабела Атиас
Анабела не крие дека нејзиното семејство го зацврстиле тешките моменти, но и негативните коментари, кои беа многу во периодот кога нејзината ќерка Луна беше во реалното шоу Задруга.
фото инстаграм/Анабела Атиас
– Малку е тажно да се занимаваш со некој чии очи не си ги ни видел, некои луѓе немаат ни храброст да се претстават со вистински профили. Ако ги погледнете нивните животи, тоа се неисполнети луѓе кои гледаат само да повредат некого – рече таа и додаде:
фото инстаграм/Анабела Атиас
-Работејќи на себе, ми беше болно, сето ова требаше да се случи за да станеме посилни, секоја фрустрација не правеше посилни и подобри. Особено ако од секоја приказна излеземе како подобри, сето тоа ни било лекција, завршува пејачката.