Амернис Нокшиќи не можеше да ги запре солзите и запалака за роденден: Кој би останал рамнодушен на вакво нешто
Актерката не можеше да ги задржи солзите и заплака на својот роденден.
Секој би посакал пријателки какви што има Амернис.
Албанската и македонска актерка Амернис Нокшиќи е една од најплодните македонски глумици, која во својата глумечка кариера подолга од 15 години има остварено над 50 улоги во театар, на телевизиските екрани и на филмското платно.
ФОТО: Инстаграм / Амернис Нокшиќи
Во брак е со новинарот Борјан Јовановски и тие се доказ дека љубовта не познава граници ниту по национална, ниту по верска основа.
Амернис и Борјан се запознале на прославата на некогашната А1 телевизија каде Борјан беше вработен и оттогаш се неразделни.
На предрасудите за нивниот мешан брак, тој Македонец, таа Албанка, никогаш не обрнувале внимание и велат дека одлично функционираат.
Плод на нивната љубов се ќерките Бора и Каја, а Борјан од претходниот брак ја има и ќерката Мира.
ФОТО: Инстаграм / Амернис Нокшиќи
Актерката деновиве славеше роденден и одлучи истиот да го прослави само во женско друштво, со своите пријателки во една скопска кафеана.
На нејзиниот Инстаграм профил сподели видеа од забавата, на која се гледа дека навистина уживале.
ФОТО: Инстаграм / Амернис Нокшиќи
Во еден момент пријателките во еден глас почнуваат да ѝ ја пејат „Ти си принцеза“, а актерката од среќа почнува да плаче.
Погледнете: