Амал Клуни и во кусо здолниште знае како да изгледа елегантно и софистицирано

Дама која не може да погреши, кога е модата во прашање

Сопругата на Џорџ Клуни, Амал, се прошета на црвениот килим во малку понеформално издание отколку што сме навикнати да ја гледаме на ваков тип на настани.

ADVERTISEMENT

Убавата адвокатка овој пат носеше кратко здолниште зачинето со интересни кристали и светкав зелен топ без ракави со кој ни покажа дека и ваквите парчиња можат да бидат совршени за гламурозните црвени килими.

Амал целото издание го подигна со шик високи потпетици со металик отсјај и додатокот во во црна и пастелна розова нијанса во пределот на половината.

Таа со ова прекрасно издание уште еднаш ни покажа дека било која комбинација можеме да ја направи да изгледа елегантно и софистицирано.

Инаку, познатиот брачен пар на црвениот килим се појави по повод лансирање на мини серијата „Catch-22“ во која Џорџ ја игра една од главните улоги.

Facebook Comments
(Visited 94 times, 1 visits today)