Тајните за нега и убавина на водителката Александра Илиевска

Бјути интервју со Александра Илиевска …

Водителката Александра Илиевска е препознатлива по својата беспрекорна насмевка. Голем дел од публиката обожава да ја гледа во најгледаното кулинарско шоу Брза Кујна, кое се емитува веќе четврта сезоната на Сител телевизија. Денес разговараме со неа и ви ги откриваме нејзините тајни за нега и убавина.

ADVERTISEMENT

Како го негуваш лицето? Дали можеби имаш бјути рутина што ја повторуваш секое утро?

Не е речено без причина дека лицето е огледало на нашата личност. Основен услов за кожата е секојдневната нега. Но и без вода, нема убавина. Пиењето вода за мене е најважно, како и сонот, барем 7 часа дневно. Секојдневно имам рутина по завршување на сите работни обврски темелно да ја чистам кожата со млеко и тоник и секогаш користам соодветен крем кој се трудам да е без парабен и за тело и лице. Утрата ми започнуваат рано, со соодветен крем и шминка која гледам да е едноставна со секогаш убав и соодветен кармин. Кармините ми се слабост и ги имам во голем број и нијанси. Еднаш во месецот правам и пилинг за да го одстранам слојот на изумрени клетки.

Со какви препарати го негуваш лицето?

Сè повеќе се препорачуваат природни препарати за нега на кожата. Исто така, постојано се зборува за здравите навики, како и здравата нега. Денеска постојат голем број на рецепти од природни состојки, кои се одлични за кожата поради тоа што не содржат парабени и други штетни материи. Јас правам комбинација и се трудам се почесто да применувам препарати кои не содржат парабен, а се добри за мојата кожа. Но, сепак сонот и одморот кога ќе се исклучите од реалноста и секојдневните обврски без интернет, телефон и тв ви ги заменуваат сите третмани и препарати, а се добри и за телеото и за духот.

Кои се твоите омилени козметички производи?

Во близина на моето живеење имам маркет кој има се на едно место. Тука се и моите омилени Balea Paraben – Free козметички производи. За тело и лице.

Косата, целосно ја препуштам во рацете на стручниот тим на Даниел Николовски имам комплетна доверба.

Што има секогаш во твојот несесер?

Кармин, за насмевката да биде комплетна.

Омилен парфем

Цветен во секоја сезона, немам конкретно да издвојам, сакам свежи, цветни мириси.

Која е тајната на твојата одлична физичка линија?

Немам тајна, постојано движење и многу вода.

Facebook Comments
(Visited 408 times, 1 visits today)