Алачки „фатена“ заедно со уште една голема ѕвезда – фотографијата е хит, сите ги изненади
Многумина со мерак ќе ја гледаат ова емисија
Пејачката сподели фотографија на социјалните мрежи
Познатата пејачка и водителка Адријана Алачки на својот профил сподели фотографија што сите ги воодушеви.
Станува збор за фотографија направена за време на снимањето на една од новите епизоди на Везилка која што Алачки ја води заедно со колегата Спасен Сиљаноски, кој исто така е во улога на водител.
Имено, Алачки откри дека гостинка во новата емисија ќе и биде една многу драга колешка што сите ги воодушевува.
Фејсбук/ Адријана Алачки
Во прашање е пејачката Добрила Ивановска Чабриќ, победничката од пред неколку години во шоуто „Никогаш не е доцна“.
Фејсбук/ Адријана Алачки
Потсетуваме, Добрила во февруари го прослави својот 96 роденден, а со својата позитивна енергија и младешки ентузијазам што ги носи во срцето и душата ги воодушевува сите веќе со децении.
Инстаграм/ Добрила Чабриќ
За неа годините се само број, а за својот изглед во десеттата деценија од животот во една пригода за „Гранд.онлајн“ изјави дека на неа се е природно и дека нема ништо вештачко.
И како што вели таа, самата себеси никогаш не се доживувала како убавица и дека воопшто не е опседната со самата себеси.
Инстаграм/ Добрила Чабриќ
„Негувајте ја младоста во себе, никогаш не мислите лошо, сакајте го животот, луѓето, се што се движи, музика, хумор“, изјави таа тогаш.
Повеќе за ова причитајте тука.