Алачки „фатена“ во друштво со новиот колега – ќе се изненадите што прават, и тоа пред сите останати
Еве што прават колегите кога ќе се сретнат во кафеана
Нашата позната пејачка и водителка Адријана Алачки има неколку профили на социјалните мрежи.
Таа редовно објавува фотографии и снимки и на овој начин комуницира и споделува најразлични моменти од животот со своите бројни фанови кои редовно ја следат и коментираат под секоја нејзина објава.
Но Алачки овој пат посебно ги воодушеви своите следбеници со фотографијата на која позира со Спасен Силјаноски.
Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки
Имено, Адријана и Спасен веќе некое време се колеги и заедно ја водат емисијата „Везилка“ на телевизија Алфа.
Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки
Спасен во емисијата дојде на местото на Благоја Грујовски, но очигледно за брзо време се снајде и сега ужива во новата улога.
А неговата колешка Алачки секако дека му помага во тоа, што се гледа и по нивната заедничка фотографија.
Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки
Тие седнати на маса во еден ресторан работат на сценариото, а Спасен наздрави со чашката и со своите верни фанови.
„Се прави сценариото“, напиша пејачката под фотографијата.
Очигледно на Алачки и е мило што го има својот млад и драг колега покрај себе, а по коментарите може да се заклучи дека и нивната публика е воодушевена што ќе ги гледаат заедно.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Еден следбеник на социјалните мрежи дури и се пошегува на нивна сметка, па во коментарите напиша:
„Ќе ти дојдам вечерва“, алудирајќи на популарната песна на Спасен која што се уште е голем хит, посебно на ТикТок.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Инаку Спасен неодамна се врати од Австралија каде имаше настап, а како си помина на ова патување, погледнете тука >>