Реклама
Наши ѕвезди

Алачки објави неколку фотографии со кои ги изненади своите верни обожаватели – никој не знаеше дека ја бидува и за ова!

Реклама

Адријана Алачки има нова љубов, па одлучи да се пофали на социјалните мрежи.

Пејачката и водителка Адријана Алачки долги години успешно ја води кулинарската емисија “Вкусот на традиција” која со сигирност може да се каже дека е една од најпопуларните и најгледаните, а и единствена од тој тип во земјава.

Маркетинг

Домаќинките со нетрпение ја очекуваат секоја нова емисија. Жените кои не се вешти во готвењето токму преку нејзината емисија научија многу традиционални рецепти кои совршено ги приготвуваат на своите семејства.

Фото: Фејсбук / Адријана Алачки

Постарата гемерација ја памети Алачки како дел од триото кое жареше и плаеше во периодот на 90-те години од минатиот век.

Маркетинг

Песните „Денес свадба се прави“, „Доста ми се твоите лаги“, „Ова е приказна стара“ во која триото го придружуваше и Ферус Мустафов беа неверојатно големи хитови, а Адријана, Ирена и Горан уживаа голема популарност.

Фото: Принтскрин

Двете пејачки беа препознатливи по специфичниот начин на облекување и за секој настап носеа некоја нова интересна креација.

По распаднувањето на групата сите тројца продолжија по својот пат.

Адријана освен во пеењето се пронајде и во водителството кое одлично ѝ оди, а публиката ја обожава.

Фото: Принтскрин

Алачки е позната и како автор на книгата „Македонски традиционален готвач“. Неодамна, таа најави дека наскоро ќе излезе и второто издание.

Деновиве таа ги помина во Дојран, каде се дружеше со домаќинките. Заедно подготвија многу вкусни рецепти кои ѝ ги презентираа на јавноста.

Фото: Фејсбук / Адријана Алачки

Она што сите ги изненади што Алачки се проба и во спортот кој многу мажи го обожаваат.

Со својата другарка Снеже седна на брегот на Дојранското Езеро и ловеше риби.

„Со мојата другарка Снеже, жена рибарка, легенда во Дојран…на часови по рибарење…наскоро на Алфа Тв во Везилка”, напиша Алачки во опис на фотографијата.

Фото: Фејсбук / Адријана Алачки

Пејачката дефинитивно крие многу таленти и секогаш успева да ја изненади пубчиката.

Водителката покажа и какви специјалитети направиле заедно со останатите жени во Дојран.

Фото: Фејсбук / Адријана Алачки

„Нема поголемо богатство од вредните и златни раце на жените од здружението на жени Дојрана кои безусловно и со сето срце и душа си ја претставија традицијата на својот град Дојран: риба на трска…крашник со крап, баница, пишав со фиде, крап на кромид, машкодан на ориз, алва, слатко од смокви, дојрански гевреци….”, стои во опис на фотографиите кои изгледаат толку примамливо што прават на човек веднаш да му се пријаде.

Фото: Фејсбук / Адријана Алачки
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки
Фото: Фејсбук / Адријана Алачки

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button