Не се однесувај кон неа како да е скршена жена таа е потполна со сите свои делови иако тие уште можат да бидат расфрлани насекаде.
Да ги прифатиш заедно со неа. Помогни и’ да види поради што поминала низ деструктивни односи во минатото. Помогни и да сфати како ги доживеала лошите работи за да може да ги почитува оние подобритe кои доаѓаат со тебе.
Ако ја сакаш, сакај ја со сите нејзини мани и несигурности. Таа е несовршена исто како и ти, подготвена да ја подели таа несовршеност со тебе. Сака да ја соголи својата душа пред тебе и да биде потполно она што е.
Таа сака со тебе да биде таква како што се гледа во огледало, дива и слободна.
Ако не си подготвен да ја прифатиш таква како што е, тоа ќе ја уништи. Ако ја сакаш, подржи ја, бидејќи таа ќе го направи тоа за тебе. Колку труд ќе вложиш, таа ќе ти врати два пати повеќе. Ако и’ ја покажеш месечината, таа ќе ти ја покаже цела галаксија. Ако се однесуваш добро кон неа, таа ќе те сака уште повеќе. Ако ја сакаш вистински, никогаш нема да заборави.