Ако ви се допаѓа горчливо, црно кафе без млеко и шеќер, можеби сте психопат, се вели во ова истражување.
Научниците пронајдоа паралела меѓу некои пијалаци како црното кафе и тониците и опасно растројство на личноста.
Резултатите од истражувањата во кои беа вклучени илјада луѓе, а кое беше спроведено на Универзитетот во Инсбрук, Австрија, беа објавени во магазинот „Апетит“. Испитаниците рангирале различна храна на скала од шест точки, а потоа биле подложени на тест кој ги идентификувал нивните особини. Авторите Кристина Сагиоглу и Тобиас Грејтмејер откриле дека колку што повеќе личноста ужива во горчливи вкусови, толку потемни се неговите лични особини.
„Ова истражување покажа дека кај оние кои преферираат горчлив вкус се повеќе изразени злонамерните особини”, пишуваат тие.
„Садистите горчливиот вкус го доживуваат како нешто позитивно поради нивната способност да предизвикуваат негативни искуства кај другите луѓе”, додаваат тие.
Ова не е првпат истражувањето да открие поврзаност помеѓу вкусот и личноста. Досега се покажа дека слаткиот вкус предизвикува желба да му помогнете на некого, додека горчината го зголемува нивото на непријателство и предизвикува поостри морални осуди. Затоа, ако имате пријател или партнер кој го избегнува шеќерот и млекото во чашата кафе, бидете внимателни.