Општина Будва планира да воведе ред во секојдневното функционирање на градот, па наскоро ќе воведат казни за непримерен изглед
По углед на соседна Хрватска, казна за прошетка без маица низ Будва ќе изнесува 500 евра, а за прошетка во костим за капење 600 евра, додека за јадење и пиење на јавна површина предвидена е казна од 700 евра.
Со оваа одлука, како што истакнуваат одговорните од општинските служби, можат да се пропишат и други правила на однесување кои би ги регулирале проблемите како што се паркирањето, сушењето алишта, одлагањето на сметот, изгледот на зградите, гласната музика и сл.
Надлежните служби во Будва исто така ги повикуваат граѓаните поради овие Одлуки за комунален ред во секојдневното функционирање на градот да се огласат и во што поголем број помогнат со свои сугестии во креирање на нацртот за овој закон.