Реклама
MAMAДом и семејство

Ако вашите деца се будат рано, ќе станат успешни и богати, велат научниците

Реклама

Ако вашите деца се будат во 6 часот наутро, тие најверојатно ќе станат познати и богати.

Според биологот Кристофер Рендлер, и неговотот истражување разликата меѓу раното и доцното будење кај децата има  влијание врз нивниот подоцнежен успех во животот. Како што тврди, кога станува збор за успех во бизнисот, утринскиот тип на луѓе се они кои  ги “држат картите во рака”. Многу познати личности кои се успешни се познати по тоа што рано стануваат.

Така, извршниот директор на “Епл”, Тим Кук, потврди дека се буди во 3:45 часот и ги проверува  мејловите, додека Опра Винфри изјави дека секој ден се буди во 6часот размислување, медитација и вежбање пред да започне со работа во 9 часот наутро. Сепак, Марк Валберг има уште поневообичаена навика. Имено, тој тврди дека се буди веќе во 02.30 часот за да вежба, да игра голф и да се моли.Сето тоа го заинтригираше Рандлер да започне серија истражувања на оваа тема, а неговите резултати се доста интересни.

Маркетинг

Покрај тоа, тие можеа да консолираат многу родители кои “се борат” со нивните мали ранобудци.”Моето претходно истражување покажа дека оние кои стануваат рано имаат тенденција да добијат подобри оценки во училиштето, и ги води кон подобри факултети, што потоа води кон подобри работни места. Исто така, моето истражување покажа дека утринскиот тип на луѓе лесно може да предвиди проблеми и да се обиде да ги минимизира. Тие се проактивни “, објасни овој биолог.

Професорот Питер Флеминг од Универзитетот во Бристол, Велика Британија, специјализира во здравјето и развојот на новороденчињата, се согласува со резултатите од оваа студија, во која се тврди дека бебињата кои често се будат рано наутро најчесто имаат повисоко ниво на интелигенција и подобро ментално здравје. Тој изјави за  BuzzFeed News дека постои јасна врска помеѓу “многу високи нивоа на развојни и интелектуални достигнувања, а не спијат преку ноќ”.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button