Адријана Кеш го покажа најважниот маж во нејзиниот живот, па му се обрати: „Многу ме нервираш“
Познатата македонска пејачка покажа еден од најважните мажи во својот живот.
Адријана Ацевска долги години е дел од македонската музичка сцена, а во јавноста е позната како Адријана Кеш.
Овој надимак го доби по нејзиниот најголем хит „Кеш, кеш“ без кој не може да помине ниту една веселба.
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
Оваа песна успева да ја крене публиката на нозе каде и да е.
Со музика започнала да се занимава уште кога имала 7 години.
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
Прво почнала да пее забавна музика, но преминала во фолк естрадата, а денес е една од најбараните пејачки од поновата генерација.
Својата витка линија ја одржува со редовни тренинзи.
Таа ја гази петтата деценија од животот, но изгледа фантастично и минимум деценија помладо.
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
Не сака да зборува јавно за својот приватен живот и никогаш досега нема покажано ниту едно свое момче.
Својата приватност ја крие како змија нозете.
ФОТО: Инстаграм / Адријана Кеш
Овој пат та одлучи да покаже еден од најважните мажи во својот живот и на Инстаграм сподели фотографија од својот брат, Антонио Ацевски.
По повод неговиот роденден таа напиша интересна честитка со која ги засмеа сите.
„Среќен роденден на најдобриот брат на сите времиња (освен кога многу ме нервираш). Те сакам со месечината и назад“, напиша таа.