Адриана Алачки во панталони и сако од милион долари – водителката им го украде шоуто на помладите колеги
Познатата пејачка и водителка на емизијата „Везилка“ во елегантно бело издание од глава до пети
Познатата пејачка и водителка во бело од глава до пети
Нашата позната водителка Адријана Алачки во една од последните емисии ги воодушеви сите со својот стил.
Облечена во преубав комплет од палто и панталони во свежа бела боја водителката никого не остави рамнодушен.
Алачки во ова свое издание од милион долари се појави во студиото и самоуверено позираше покрај своите нови колеги, манекенката Ангела Јакимовска и пејачот Спасен Силјаноски.
Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки
Комплетот во бела боја што водителката го носеше е со класичен крој, изработен од квалитетен материјал, а интересната декорација со кристали на целото издание му додава луксузна нота.
Широките панталони преку кои носеше преубава туника со впечатлива јака го разигра целото издание, а Алачки го заокружи со елегантни сандали и интересна фризура врзана во пунџа заради што резултатот беше комбинација што многумина остави без здив.
Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки
Како Адријана изгледаше во ова издание со кое собра дузина комплименти, погледнете во продолжение…