Агнеса и кога се облекува евтино изгледа гламурозно и неодоливо – цела Македонија зборува за ова топ издание на русокосата убавица
Што и да облече, изгледа фантастично
Скопјанката Агнеса Органџиева позната е по своите елегантни и гламурозни комбинации, а деновиве на социјалните мрежи испловија неколку нејзини такви изданија со кои таа ги воодушеви своите фанови.
Имено, Агнеса и покрај ниските температури повторно се погрижи да изгледа беспрекорно од глава до пети, а овој пат во преден план се интересните фустани во кои што позираше на социјалните мрежи.
Шармантната дама и овој пат ги остави сите без здив со комбинацијата што ја избра и со која го истакна своето занесно тело.
Сепак, најинтересно е што овој фустан на една Фејсбук страница се продава по цена од 1850 денари.
Агнес очигледно не е една од оние дами кои преферираат да носат исклучиво брендирана облека, туку најважно и е како нешто и стои, а не колку чини. А ако судиме според нејзините фотографии, таа што и да облече изгледа занесно, но воедно и гламурозно како во најскапите парчиња.
Таа со ова уште еднаш докажа дека жена може да изгледа гламурозно и убаво и кога не носи дизајнерски парчиња.
Таа стајлингот го пополни со блага шминка и нејзината долга, руса коса, па делуваше мошне елегантно, но и скапо.
Покрај ова издание, таа деновиве се прошета и во преубава бела комбинација со која повторно доминираше.
Во прашање е мал бел фустан со интересен детаљ на половината, кој Агнеса го носеше со кафеави високи потпетици.
Сепак, најмногу внимание привлече со тоалетата во тиркизна боја со која во преден план ги истакна нозете.
Таа едноставно блескаше во модерниот фустан со асиметричен шлиц и голем отвор во пределот на половината, а целото издание го заокружи со своите „nude“ салонки со високи потпетици и впечатлив црвен кармин.
Како таа изгледаше во ова издание, но и неколку други нејзини комбинации што можат да ви послужат за инспирација, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева