Автобусот и ја откина раката, но таа НЕ се предава и лавовски се бори – водителката на Пинк ТВ се огласи на Инстаграм
Иако нејзината рака можеби никогаш нема да биде како порано, Деа Ѓурѓевиќ, на која автобус во сообраќајна несреќа и ја откина раката, откако се соочи со состојбата во која се наоѓа, не се предава и лавовски се бори.
Водителката на Пинк ТВ на која автобус и ја откина раката помина речиси два месеци во шок соба и деновиве е префрлена на друго одделение.
Таа заедно со неколку доктори, нејзината мајка и свршеникот Младен Мијатовиќ ја напушти Воената болница во Белград каде што помина речиси два месеци по стравичната несреќа во која автобусот и ја откина раката. Таа е префрлена во клиничкиот центар, а како што пренесуваат српските медиуми, нејзината рака, која докторите успеаја да ја спасат, е добро.
Деа можела да станува и да се шета, а префрлена е во другата болница бидејќи хирургот што и ја сошил раката сакал пациентката да биде под негов надзор 24 часа на ден, се додека нејзината рака потполно не закрепне.
Деа Ѓурѓевиќ на почетокот на февруари доживеа страшна сообраќајна несреќа кога автобус налета на неа додека стоеше покрај својот автомобил и и ја откина раката. Таа беше оперирана неколку пати, а по операциите напредуваше и психички и физички, пренесуваат српските медиуми. Таа сега е во фаза во која почнува да го прифаќа тоа дека нејзината рака повеќе нема да биде истата од порано, но бидејќи психички е силна, докторите се сигурни дека ќе може да се соочи со тоа и да ги преброди сите проблеми.
https://www.instagram.com/p/BdFDX2aj5Zm/
Што се однесува до враќањето на функциите на раката, може сé да се врати, но зависи од неколку работи, велат докторите. Постои физичка и нервна функција. Најпрво треба да се врати физичката функција, да зарасне потполно раната, па кога ќе помине тој процес, постојат вежби за рехабилитација на кои ќе мора да оди, и на тој начин да овозможи и некој вид на функција. Тоа ќе потрае, но докторите се задоволни од досегашното закрепнување, пренесува Курир.рс.
https://www.instagram.com/p/Bvd4N1ihwOn/
Инаку, Деа деновиве прв пат по несреќата се огласи на социјалните мрежи и преку Инстаграм им се заблагодари на сите што и помогнаа побрзо да закрепне.