Австриската влада ја помага економијата со нова мерка, фирмите ѝ се благодарни што се сети за ова
Владата на Австрија донесе одлука за време на траењето на кризата да ги преземе фиксните трошоци на претпријатијата за да им помогне во кризата настаната поради епидемијата од коронавирус.
Австрискиот вицеканцелар Верн Коглер и министерот за финансии Герно Блимел изјавија дека Австрија добро ја совладала здравствената криза и сега следува борба против економската криза.
Оваа новост во мерките ќе му помогне на стопанството со преземање на фиксните трошоци.
Колку е поголема загубата во прометот толку ќе биде поголема помошта на државата во покривањето на фиксните трошоци, најавија од владата додавајќи дека се уверени дека тој модел е ефикасен.
„Уште не знаеме колку негативно ќе влијае на стопанскиот раст. Меѓутоа, постои, можност Австрија од кризата да излезе многу подобро од другите земји“, рече Блимел, додавајќи дека е јасно дека економската криза сигурно долго ќе трае.
Што се однесува до моделот во покривањето на фиксите трошоци, тоа подразбира кирија, камати, осигурување на пропаднатата стока и предвидено е надоместот да оди до 75 отсто.
Новост е дека веќе оваа година ќе биде исплатен дел од парите непосредно по поднесувањето на барањето, а тоа ќе биде можно од 20 мај.
Првата исплата и тоа на една третина од парите ќе следува по најмногу десет дена, додека остатокот треба да биде во август.
Инаку, помошта се дава за три месеци од воведувањето на мерките поради коронавирусот во средината на март.