Женските Бикови сакаат да контролираат се’, а Девиците многу често завршуваат со солзи – прочитајте зошто секогаш се заљубувате во погрешен
Нешто за љубовта и хороскопските знаци …
ОВЕН
Вие сте зависничка од лов, и затоа не е никакво чудо што ’паѓате’ само на недофатлив и зафатен улов. Кога ќе ја определите целта, не се откажувате сè додека не погодите директно во неа!
БИК
Вие, генерално, сакате да контролирате сè, но не е никаква реткост да ’паднете’ на човек кој е посилен од вас. Ви се допаѓаат зафатени луѓе, бидејќи сметате дека тие се стабилни личности со кои може да остварите балансиран однос, а при тоа да не мора да се обврзете на ништо, бидејќи тие веќе се ’зафатени’.
БЛИЗНАЦИ
Вие ’паѓате’ на оние кои ви нудат само пријателство. Често се плашите да им ги разоткриете вашите вистински чувства, па понекогаш им зборувате за луѓе кои наводно ви се допаѓаат, што дополнителни ви ги намалува шансите вашиот пријателски однос кога било да прерасне во нешто повеќе.
РАК
Паѓате на било кој што ќе ви посвети барем малку внимание. Бидејќи по природа сте романтични, од најмали нешта сте во состојба да креирате имагинативна љубовна приказна и да живеете во облаци и со надеж дека нешто ќе се промени. Меѓутоа, најчесто завршувате со скршено срце.
ЛАВ
Лавиците ’паѓаат’ на лоши момци кои прават сè да бидат во центарот на вниманието на некои девојки, а кога ќе ја постигнат својата цел, преминуваат на следната жртва. Бидејќи сте полни со самодоверба, верувате дека токму вие ќе бидете исклучок кај него, но тоа никогаш не се случува.
Премини на следната страна >>