Реклама
Наши ѕвезди

„Куќа полна со народ“ – нова песна од Здравко Чолиќ

Реклама

„Куќа полна со народ“ – нова песна на еден од најпознатите пејачи на Балканот и миленик на женските срца

Текстот е на Златан Стипишиќ Џибони, автор на музиката е Здравко Чолиќ, а аранжманот и продукцијата е под палката на Никша Братош. Во прашање е песната за новиот спот на Чолиќ „Куќа полна со народ“ која што официјално беше пуштена на Јутјуб вчера, за Денот на вљубените. Спотот е снимен во Дубровник и е замислен како враќање на пејачот во градот на изгубената љубов, место на лажната емотивна илузија. Тој со својот глас сака да ги допре луѓето, да им ја раскаже приказната за прекрасната лага… и во еден момент, стотина луѓе трчајќи кон него и заедно минувајќи низ прекрасните, но пусти улици, се сретнуваат на плажата. Главната улога режисерот на спотот Александар Керекеш и ја довери на српската манекенка со меѓународно искуство Тијана Шаренац.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button