Реклама
Интервју

Пет минути со Жаре од „Еден на еден“: „Не е убаво толку да сме опиени од политички теми, многу пофино е кога сме трезни“

Реклама

Секоја недела го гледаме на телевизиските екрани едно од најзабавните ТВ шоуа во земјава „Еден на Еден“ со личности од јавниот живот од Македонија, но и од регионот. 

Клучот е токму во тоа, да си сигурен во себе. Да знаеш дека имаш потенцијал да одговориш на големи предизвици. А откако ќе си сигурен во себе, уште поважно е да веруваш дека тоа е остварливо. И после, убави работи можат да се случат. Твое е да ги дочекаш подготвен.

Маркетинг

Хуморот е неизбежен дел не само во неговата емисија, туку и во неговиот живот. Амбициозен, креативен, позитивен. Патот до успехот на Жарко Димитриоски од Диме Такси преку водителските води до креативен директор на сопствена маркетинг агенција.

Во досегашните емисии „Еден на Еден“ до сега имаат поминато многу гости како од земјава, така и од Балканот. Дали имате некоја посебна желба за гостин во оваа сезона?

Маркетинг

Никој конкретно. Сакам да си поминуваме супер на снимање, како ние така и публиката. Ако имаме некоја цел, тоа е да го олабавиме притисокот од политиката, премногу акцент се става на тоа кај луѓето. Верувај, тие се повеќе заложници и обземени од политиката и од самите политичари! Тоа ќе го покажат и некои гостувања кои сезонава ќе ги имаме од таа “политичка” фела. Не е убаво толку да сме опиени од дневнополитички теми, многу пофино е кога сме трезни.

Покрај новото студио што може ново да очекува публиката во оваа сезона, а го немало во претходните?

Па ете, Марјан Ѓорѓиевски е едно освежување и мој асистент на сцената. Имаме неколку промени зад камерите, збогатен сценристички тим. Имаме нова телевизија, сезонава се дружиме на Канал 5, секоја недела во 18:50 часот.

Некои други поголеми новитети нема. Тераме формула која ја користиме долго време, 

Што научивте од досегашното работење на ова шоу. Девет години „Еден на еден“ и не е така мала бројка?

Не е, вистина е. Тоа е она најочигледното, дека е навистина тешко да го работиш ова. Потребен е огромен тим и масивни вложувања за да може да испорачуваш неделно шоу од овој тип и затоа клучот е да го сакаш истото. За среќа, ние уживаме во тоа што го правиме, па на некој начин компензираме за сиот труд и енергија кои се црпат недела за недела.

Покрај тоа што сте уредник, автор и водител на престижното шоу, Жаре ја има и улогата на креативен директор на маркетинг агенцијата која е крстена токму по шоуто „Еден на Еден“. Како дојдовте до идеја да основате маркетинг агенција?

Без големо планирање. Додека бев уредник на забавната редакција на А1 телевизија, многу соработував со маркетинг секторот и работевме доста кампањи преку телевизијата и весниците од корпорацијата. Веројатно многумина се сеќаваат рекламата за Boom TV и Баба Ратка…

Анастасија Богдановска: „сакам да ги седнам на маса светските лидери и да ги прашам до кога планираат да си играат играчки со светот?“ >>

Кога почнавме Еден на Еден да ја работиме независно, како видео продукција, веќе знаев што бараат клиентите и што треба за да исчекориш во маркетинг светот. Клиент по клиент, кампања по кампања, го зголемувавме тимот, искуството, знаењето и еве сме сега, исклучително среќни што работиме со некои од најголемите домашни компании, а богами и доста странски.

Имаме нова телевизија, сезонава се дружиме на Канал 5, секоја недела во 18:50 часот.

6 години од маркетинг агнецијата „Еден на Еден, а веќе почнавте да собирате светски награди. Дали очекувавте токму вашата агенција да ја добие оваа глобална кампања?

Па, да кажеме дека се уште не ни се верува 100% :) Сигурно сме се надевале потајно дека нешто такво ќе се случи. За тој клиент работиме подолго време и покриваме повеќе држави на Балканот, а се работи за фирма која има своја дејност низ целиот свет. Така што, секако дека кога имаш таков клиент сонуваш да дојде денот да те ангажираат за светска кампања, но и самото кажување на оваа реченица може да те разбуди од сонот и да си речеш “не тропај глупости, тебе ќе те ангажираат, немаат друга работа” :)

Пет минути со Александар Смиљановски, менаџер за интернет кампањи во ХТТПООЛ >>

Клучот е токму во тоа, да си сигурен во себе. Да знаеш дека имаш потенцијал да одговориш на големи предизвици. А откако ќе си сигурен во себе, уште поважно е да веруваш дека тоа е остварливо. И после, убави работи можат да се случат. Твое е да ги дочекаш подготвен.

 

Какво е чувството да се работи на една кампања која што е наменета за повеќе од 2,5 милијарди луѓе?

Преубаво, гордо. Ова е голем успех и за нас како земја, бидејќи како и многу пати претходно, македонскиот маркетинг покажува дека може да се носи со секого во светот. Кампањата на која работевме е всушност 100% македонска. Комплетната креатива и продукција е наша, на анимацијата соработувавме со Fx3x, а музиката ја купивме од Eye Cue. Македонски производ од А до Ш :)

zared4

Кои се вашите идните планови и проекти?

„Главниот план е да не избрзуваме со ништо, да созреваме паметно.“

Растеме брзо, има голема побарувачка за нашата маркетинг агенција и морам да признаам, тоа си има свои предности и недостатоци. Главниот план е да не избрзуваме со ништо, да созреваме паметно. Макар тоа значело и одбиени понуди за кампањи, нови клиенти и сл., исклучително важно ни е се што ќе прифатиме да го работиме, да биде сработено најдобро! И тука секако, нема компромис.

Разговараше: Ивана Крстеска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button