Реклама
Хороскоп

ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ КАКО НИКОГАШ ПОРАНО! Лавот не може без луксуз, а Овенот без авантура!

Реклама

Сакате прекрасно да се проведете ова лето, ама немате идеја? Треба да обрнете внимание на вашиот хороскопски знак! Тој ќе ви открие каков провод е најдобар за вас…

summer1

ОВЕН (21 март – 20 април)

Маркетинг

Стил на патување: Авантуристички

Сакате: кампување, возење на отворен пат, спортски настани и слично.
Овните се природно љубопитни, сакаат да истражуваат и се многу независни. Ќе уживаат во одмор што ќе им овозможи да доживеат нови работи. Тоа може да биде патување со автомобил до некоја нови дестинација во близина на местото на живеење или некоја егзотична дестинација.

Маркетинг

БИК (21 април – 20 мај)

Стил на патување: Луксузен

Сакате: Музички фестивали, преубава природа, спа викенди, шик хотели и гастрономски задоволства.
Биковите сакаат стабилност, да стојат со двете нозе на земја. Способни се за голема издржливост и трпение, ама многу повеќе сакаат да уживаат во удобност, отколку да си скратат на луксуз. Работат напорно, па на одмор сакаат да си приуштат луксуз каков што сметаат дека заслужуваат.

Овие три хороскопски знака се разликуваат од останатите – прочитајте зошто!

summer3

БЛИЗНАЦИ (21 мај – 20 јуни)

Стил на патување: Во гужва, толпа

Сакате: Стекнување нови искуства, внимателно испланирано патување со повеќе дестинации, тури и дружења со нови луѓе.
На Близнаците е многу тешко да им се угоди. Тие сакаат да се дружат со непознати и странци, да разговараат и да пробаат нешто ново секој ден, бидејќи сè брзо им досадува.

РАК (21 јуни – 20 јули)

Стил на патување: Комфорен

Сакате: Вода, места со позната историја, мали локации и раскошни архитектонски зданија.
Раковите сакаат да посетуваат места кои за нив имаат одредено значење, како локации од каде потекнуваат нивните предци и верски објекти. За тоа им е потребно удобно сместување во кое ќе се чувствуваат како дома и од каде ќе бидат во можност да си организираат забавен одмор.

9 Нешта кои секој знак ги мрази. Овенот мрази животни во кафез, Лавот игнорирање. А вие? 

ЛАВ (21 јули – 21 август)

Стил на патување: На висока нога

Сакате: Многу интересни активности, културни настани, возбудливи искуства и софистицирани задоволства.
Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието, да уживаат и да се дружат со познати. Затоа, одлично се вклопуваат во луксузни, монденски локации со различни примамливи активности и уживања.

summer4

ДЕВИЦА (22 август – 22 септември)

Стил на патување: Потрага по искуства

Сакате: Внимателно испланирани тури, истражување и пронаоѓање најдобри локации, многу шетање и разновидна архитектура.
Девиците претпочитаат да анализираат и одлични се перфекционисти, ама сакаат и да се релаксираат. Битно им е патувањето да биде добро испланирано, бидејќи уживаат и во тој дел од одморот, а кога ќе се најдат на патот, забавата може да започне!

ИНДИЈАНСКИОТ ХОРОСКОП ЈА ОТКРИВА ВАШАТА ВИСТИНСКА ПРИРОДА: Во што сте најдобри, а каде се сопнувате

ВАГА (23 септември – 22 октомври)

Стил на патување: Мирен

Сакате: Бутици, нови ресторани, ноќен живот, умерени активности и мир.
Вагите преферираат одмори кои ќе им овозможат да уживаат и да ги наполнат батериите, но, истовремено, ќе им донесат и некои нови искуства. Умерена доза на уживање, релаксација и активности е идеалната комбинација за нив.

summer5

ШКОРПИЈА (23 октомври – 22 ноември)

Стил на патување: Полнење на батериите

Сакате: Приватни имоти, време за себе, потоци и реки и одалечени локации.
Шкорпиите сакаат навистина да се одморат кога патуваат некаде да ги наполат батериите и после да бидат подготвени за нови потфати. Затоа, им одговараат изолирани локации, најдобро крај вода, да уживаат во природата и во осаменоста.

Одморите се во тек, па еве совет од „Штипка“ за тоа како најдобро да го осигурате домот за време на празници и одмори

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button