Реклама
Интервју

Викторија Лоба: „Се плашам луѓето да не ја изгубат љубовта, духовноста и емпатијата“

Реклама

Пред неколку месеци се случи промоцијата на еден од нашите најголеми хитови за оваа година – песната „ Дојди“ на Викторија Лоба која доби и видео запис.

loba

Успешна, посветена, храбра и талентирана девојка со руско потекло која веќе една деценија твори на домашната музичка естрада. Девојката со витка става која исто така е посветена и на својот физички изглед па често можеме да ја видиме како џогира на кејот на реката Вардар.

Маркетинг

Што пееше Викторија Лоба кога беше малечка пред огледало?

Се што беше актуелно во тоа време кога бев дете, најчесто пените на Витни Хјустон

Маркетинг

Од кој и не толку својствен жанр за тебе би испеала песна?

Рап и трап е нешто во што би можела да се пронајдам покрај поп и фјучер хаус. Имам храброст да експериментирам така да може ке чуете нешто интересно од мене наскоро.

Со која светска музичка ѕвезда сакате да бидете на иста сцена?

The Weekend OMG J

loba1

Без што не може Викторија да функционира во денот?

Без насмевка, телефон и моите омилени AdidasTubular патики.

Добивте признание на фестивалот МАРС за последниот сингл „Дојди“ што следно може да очекува публиката од вас?

Уште неколку синглови со видео запис па потоа албум во 2018 година.

loba3

Кој е твојот најголем животен страв?

Мојот најголем страв е човековиот род да ја загуби љубовта, духовноста и емпатијата.

Каков би бил светот според тебе, доколку во него нема музика?

Многу тажен, празен, нецелосен…

loba

Како ќе ја паметиш оваа 2017 година?

Година од која извлеков добри поуки и искуства. Многу среќни моменти, добро завршени успешни проекти и прекрасни луѓе кои ги запознав оваа година.

Разговараше: Ивана Крстеска Фото: Стефан Соколовски

Поврзано

Back to top button