Реклама
Фитнес

Најдобрите вежби кои ќе ви помогнат да го намалите обемот на половината

Реклама

Како да ја добиете толку посакуваната тенка половина?

Погледнете го видеото на крајот од овој текст на кое модел за бикини ви покажува како да постигнете феноменална линија.

Маркетинг

Идеалните димензии 90-60-90 секако дека не се идеални за сите жени ако се земе во предвид индивидуалната градба на телото како и влијанието на генетиката, условите за живот и културата, но сепак мораме да признаеме дека убаво обликуваната половина секогаш делува привлечно. Женското тело во форма на гитара или песочен часовник од дамнешни времиња се слави во поезија и уметноста од памтивек и за тоа постојат добри причини. Всушност, обемот на градите или колковите наспроти половината во сооднос 1: 0.7 претставува идеал за женската убавина кој има биолошка поткрепа бидејќи укажува на плодност и добро здравје. Овој сооднос ги објаснува и пропорциите 90-60-90 кои денес се сметаат за совршени, што секако не значи дека сите жени треба да ги постигнат овие мерки за да бидат привлечни и убави.

Само 6 минути дневно за цврст стомак – домашен тренинг за брзи одлични резултати >>

Маркетинг

Од друга страна повеќето жени се склони на дебелеење во централниот дел на телото, околу половината, посебно по породување или пак едноставно, со текот на годините. Меѓутоа, таложењето на масти околу виталните органи не е здраво и може и може да доведе до појава на кардиоваскуларни болести, така што намалувањето на половината и стомакот не е само естетски проблем, туку и здравствен.

Како да изгледате убаво и кога ќе се соблечете голи – најдоброто решение за секоја жена >>

Затоа треба да се потрудите за почеток да ја доведете тежината на здраво ниво, што значи дека индексот на телесна маса не треба да надминува 25, а потоа да ја дефинирате половината и стомачните мускули. Знаеме дека ова не е лесна задача, но морате да почнете од некаде и да си најдете мотивација – на пример замислете си колку се различни парчиња на облека би можеле гордо да носите доколку имате тенка половина (кратки маички, струкирани фустани, фармерки или панталони со низок струк, костимите за капење кои од секогаш сте ги сонувале…).

Најдобрите вежби за стомак и задник со кои ќе добиете ново тело за само 2 неделi (видео) >>

Следува видео со вежби кои ќе ви бидат одлична помош на вашиот пат до идеална половина. 

Најдобрите вежби и диети според формата на вашето тело >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button