Венчаницата на Каролина предизвика бура во медиумите, но никој не го забележа овој детаљ
Целиот Балкан е воодушевен од венчаницата на Каролина
Венчаницата што ја носеше Каролина Гочева од познатиот италијански дизајнер Ермано Шервино ги има красено и страните на модната Библија, Вог. Станува збор за поприлично скапа креација од минатогодишната полетна колекција на познатиот дизајнер, а Каролина го носеше во комбинација со високи потпетици од уште еден познат италијански дизајнер. Овој пат станува збор за Џанвито Роси, модел со кои пејачката го кажа своето судбоносно „ДА“ пред уметникот Михаил Корубин, синот на познатата артистка и дизајнерка Лиле Корубин.
Но она што некои не го забележаа е дека Каролина, во текот на вечерта се пресоблече и во втор фустан. Станува збор за модел во бела боја со интересен детаљ од тантела во горниот дел, но и со ултра кратка должина со што во преден план беа убавите нозе на невестата, додека целата комбинација беше зачинета со стејтмент високи потпетици.
Па, во кое од овие две посебни изданија Каролина ви се допаѓа повеќе?