Поради ова, тие секогаш заминуваат: Вагата не толерира негативност, а Рибите себичност
Погледнете што го карактеризира вашиот хороскопски знак.
Погледнете што го карактеризира вашиот хороскопски знак.
Овен
Посесивност. Не можете да ја поднесете посесивноста на партнерот, затоа што сакате да бидете независни и да имате свој сопствен живот. Вие сакате да имате свој простор и своја слобода, па нема да толерирате некој кој ве гуши.
Бик
Непочитување. Премногу сте горди и имате исклучително високи стандарди, па секој кој не ве почитува, ќе биде исфрлен од вашиот живот. Без оглед на тоа колку ја сакате таа личност, никогаш нема да гледате на неа на ист начин, дури и на шега да ви покаже непочитување.
Близнаци
Резервираност. Не можете да бидете со некој кој не е друштвен, затоа што сакате социјален живот. Имате многу пријатели и познаници и вам ви треба партнер кој може да се справи со овој социјален притисок.
Рак
Затвореност. Не можете да бидете со некој кој е затворен во себе и кој сокрива некои работи од вас. Вие сте емоционални и интуитивни и сакате да разговарате со вашиот партнер, па не сакате тој да сокрива тајни од вас. Некој кој не ви се отвора нема да биде во можност да ви ја даде врската која отсекогаш сте ја посакувале.
Лав
Срамежливост. Вие секогаш сте во центарот на вниманието и не можете да бидете со некој кој ви го краде тоа внимание. Вие сте самоуверени и сакате партнер кој на некој начин ќе ви пружи предизвик. Ако сте со некој срамежлив, тогаш ќе чувствувате како да немате возбудување во врската, а вам ви е потребна личност која има смелост.
Девица
Неамбициозност. Вам ви е важна кариерата и успехот. Сакате партнер кој е на иста фреквенција како и вие, кој ги сфаќа вашите цели и соништа, но кој исто така има и свои. Ако сте со личност која е пасивна и неамбициозна, вие секогаш ќе чувствувате дека во вашата врска недостасува нешто.
Вага
Негативност. Вие сте позитивна личност и секогаш мислите дека утрешниот ден ќе биде подобар. Затоа, не можете да поднесете до вас да имате негативен или драматичен партнер. Сакате да бидете опкружени со добри вибрации и позитивна енергија.
Скорпија
Лажење. Можете да ги прифатите сите мани на вашиот партнер, освен лажењето. Лагите за вас значат крај на врската. Вие ја цените искреноста и транспарентноста и никогаш нема да опростите некое лажење.
Стрелец
Мрзливост. Вие не можете да бидете со мрзлива личност, затоа што секогаш сте во движење и во потрага по следна екстремна авантура. Ако вашиот партнер не успее да остане во чекор со вас, тогаш најверојатно ќе продолжите да живеете без него.
Јарец
Неодговорност. Не можете да бидете со некој кој не знае како да биде одговорен, или со некој кој не знае што сака. Вие знаете што сакате и секогаш го добивате тоа, па сакате некој кој ќе може да се грижи за вас, затоа што вие секогаш сте посветени на сите останати. Затоа, никогаш нема да трпите неодговорен партнер.
Водолија
Практичност. Како би можеле да зборувате за своите ексцентрични идеи и соништа, кога имате реален партнер? Вие сте бунтовни и по малку бизарни, па не можете да бидете со некој кој во вас не ја поттикнува креативноста.
Риби
Нечувствителност. Вие сте многу чувствителни и емоционални, дури и ако се обидувате да изгледате поинаку. Негрижата за вашите чувства е доволна причина за да заминете. Не можете да бидете со некој кој е себичен, затоа што вам ви е потребен некој кој има големо срце.