Реклама
Секс

Неколку трикови со кои жените побрзо доживуваат оргазам додека мастурбираат

Реклама

Мастурбацијата кога станува збор за понежниот пол бара вештина, искуство и знаење, а тоа многу добро го знаеме сите …

Но ретко која од нас 100 % е убедена дека доколку завладее со овие соло марифетлуци и обичниот секс би и причинувал многу поголемо задоволство. Треба да се проба, па дури тогаш да се коментира, нели? Токму затоа еве неколку тајни како да уживате во соло сексот, и при тоа да не ги трошите (не)способностите на вашите партнери, туку прстињата на вашите раце. Истите се преземени од една книга на Ен Семанс која има „само“ 274 страници, па специјално за вас, го одвоивме она најважното!

Маркетинг

via GIPHY

Маркетинг

Релаксирање  

Најважното нешто за да го доживеете големото О (читај oргазам) секако дека е опуштањето т.е. вашата способност потполно да се релаксирате и да се препуштите само на задоволството. Сите непотребни грижи, проблеми и слични нешта, кои можат да ве вознемират, оставете ги зад вратата, а сега размислувајте на она, главното! Почнете со дишењето, длабоко, длабоко, земете воздух, издишете, длабоко…

Возбуда  

Опуштањето можеби е една од основните причини за добро задоволство, но доколку тоа не биде во елемент со возбудата, ништо од она што беше главната цел и причина да го правите сето ова. Затоа обидете се да ги пронајдете сите оние нешта што ве возбудуваат. Не, не.. не мислиме тука на играчките за возрасни девојки. Направете го тоа со мислите, „премотајте“ ги низ главата сите ликови со кои би сакале да доживеете некое ново сексуално искуство, „анализирајте“ некоја сцена од порно филм што ве возбудува..

via GIPHY

Запознавање со г-ца Дунда  

Понекогаш, како што пишува во својата книга Ен Семанс додека си играте со вашето меѓуножје, добро е да земете огледалце и да почнете да истражувате. Или пак, направете го ТОА покрај некое големо огледало (се надеваме дека истото редовно го користите со вашиот партнер!), поиграјте се со прстите и обидете се да ги пронајдете сите оние точки што најмногу ви причинуваат задоволство. Впрочем, доколку станете искусна во овие неколку минути, кои траба да бидат само ваши, вие ќе имате подобар сексуален живот, а со тоа и многу подобро расположение, нели?

Па, време е…

Поврзано

Back to top button