Ова е еден од најконтроверзните трендови за оваа сезона
Имено, станува збор за големата торба со риги која го носи името Bazar и која ја претставува новата модна визија на новиот креативен директор на Balenciaga, Демна Гвасалија. Но главниот проблем поради кој оваа торба предизвика прашина во модниот свет е тоа што претставува дизајнерска верзија на обичните пластични торби за шопинг кои дома ги имаме сите, и кои можат да се најдат за цена од 1 до 5 евра на полиците низ било која продавница. Но шарената кожена верзија од познатиот бренд има цена од 975 фунти, па многумина од модниот свет се прашуваат дали навистина вреди да се инвестира толкава сума во парче кое веќе сите го имаме, но во малку поинаква верзија.
Како и да е, овој моден додаток веќе го фураа познати трендсетерки, па нема да се изненадиме ако наскоро се појави и неговата high-street верзија. Хм.. Или овој пат приказната се движи во обратна насока, односно Balanciaga реши да ги „позајми“ овие шопинг торби од комерцијалните брендови и да се поигра со трендовите, но и со сите нас?!
Што мислите вие?