Покрај костимите за капење, цветните фустани и сандалите, наши омилени летни производи без кои не можеме се и двените креми за заштита од сонце.
Производите за сончање ни доаѓаат во бројни варијанти и одлично е што имаме голем избор, а наш предлог на производи со заштитен фактор се новите дневни креми од „Seventeen“ зачинети со екстракти од калинка и алое вера. Постојаното изложување на сонце може да предизвика проблеми на кожата. Секако дека од бројните производи за заштита треба да го изберете оној што најмногу одговара на вашата кожа, а притоа треба да ја земете во предвид и текстурата бидејќи не треба да биде премногу мрсен, а истовремено доволно хидрантен како истовремено би ви ја негувал кожата. Новата линија за заштита од сонце од „Seventeen“ е наменета за сите типови на кожа и претставува совршен избор на креми за дневна заштита од фотостареење или стареење под влијание на штетните сончеви зраци. Благодарение на новата технологија за инфрацрвени + УВА + УВБ зраци и природните активни состојки (polygonum aviculare, калинка, алое вера) обезбедува заштита од: појава на флеки или промени на бојата на кожата, губење на колагенот, појава на брчки и намалување на тонусот на кожата.
Сонце? Па, новата заштита на кожата е овде. За вас од познатиот бренд „Seventeen“. За секој ден! Нема повеќе брчки и флеки на кожата со новите креми за дневна заштита од фотостареење или стареење под влијание на штетните сончеви зраци!
Дневен крем SPF 30
Дневен крем со заштитен фактор 30, калинка и алое вера
Наменет е за сите типови на кожа
Наменета е за сите типови на кожа. Висока заштита од фотостареење или стареење под дејство на штетните сончеви зраци (инфрацрвени зраци + УВА + УВБ). Апсорбира над 95% од УВБ зрачењето и ја хидрира и негува чувствителната кожа, истовремено спречувајќи ја појавата на брчки и флеки на кожата. Дерматолошки тестиран, без парабени и водоотпорен.
Употреба: Нанесете го кремот пред изложувањето на сонце и потоа редовно нанесувајте повторно, посебно по потење, пливање или бришење на лицето со крпа.
Дневен крем SPF 50+
Дневен крем со заштитен фактор 50+, калинка и алое вера
Наменет е за сите типови на кожа
Дневен крем од Seventeen со висока заштита од фотостареење или стареење под дејство на штетните сончеви зраци (инфрацрвени зраци + УВА + УВБ). Апсорбира над 97% од УВБ зрачењето, ја хидрира кожата и не остава мрсни траги. Длабински ја негува чувствителната кожа, истовремено спречувајќи ја појавата на брчки и флеки на кожата. Благо нијансиран, за да одговара на сите бои на кожа, дерматолошки тестиран, без парабени и водоотпорен
Употреба: Нанесете го кремот пред изложувањето на сонце и потоа редовно нанесувајте повторно, посебно по потење, пливање или бришење на лицето со крпа.