Култни маскари што ги обожаваме со години
Ви ги претставуваме маскарите без кои едноставно не можеме …
Маскарата е задолжителна во козметичката торбичка на секоја жена. Без разлика дали станува збор за нови или стари модели, тие секогаш го предизвикуваат нашето внимание, а некои од нив важат за култни шминки кои долго време ги користиме и обожаваме и чија популарност едноставно ништо не може да ја наруши. Тие веќе со години го нудат она што сите го очекуваме од една совршена маскара и токму затоа имаат своја верна публика, феноменални резултати во продажбата и култен статус. Ова на пример се однесува на маскарата The Stylist од Seventeen – една од оние шминки кои секогаш ги носиме со себе, но и на релативно поновата маскарa на нашиот пазар – Magna Lash од Radiant Professional која го дефинира трендот со преубави, волуменизирани трепки и резултира со сe’ подобар ефект на трепките.
Па, еве кои се нашите омилени маскари:
LASH ELEGANCE
Маскарата „Lash Elegance“ има еластична текстура која е специјално подготвена за да се избегне создавање на грутки на трепките и претставува одличен производ за сите дами кои сакаат да имаат совршени трепки. Маскарата овозможува исклучителен волумен, фантастично издолжување и дефиниција, трепките не се лепат, а мултидимензионалната четка која ги издвојува трепките е идеална за лесно нанесување и ефект на вештачки трепки. Таа е без мирис, офталмолошки тестирана и лесно се отстранува. Достапна е во 4 различни нијанси со кои многу лесно се постига инстант волумен кој останува со часови.
Нова маскара со совршен ефект на вештачки трепки >>
MAGNA LASH
Да, ова е нова маскара на нашиот пазар која едноставно МОРАТЕ да ја пробате! Таа полека но сигурно го зазема своето заслужено место во козметичките несесери на мејк-ап артистите, а дали знаете зошто? Па, затоа што не содржи ништо претерано. Изгледа класично и ги бои трепките како ниту една друга маскара, а со прецизната четкичка многу лесно ќе направите големи волуменизирани трепки. Покрај тоа што е совршена за секојдневна шминка, со неа можете и за релативно кратко време да направите ефект на вештачки трепки.
THE STYLIST
Mаскарите во боја се апсолутен хит и за оваа пролетна и летна сезона, а во нашите продавници дефинитивно едни од најдобрите се култните маскари од SEVENTEEN. Па, доколку го сакате смелиот убав изглед, со доминантно истакнати очи во боите на виножитото, одберете ја вашата омилена маскара во боја The Stylist.
Користете сина маскара ако сакате да ги истакнете очите >>
Па, која од овие три маскари ви е омилена?