Овој хороскопски знак претставува предизвик за секоја жена – ниту една не може да се спротивстави на неговиот шарм!
Машкиот припадник на овој знак е духовит и интелигентен.
Машките Близнаци не сакаат да се чувствуваат врзани и ќе се повлечат ако почувствуваат дека некој ги гуши. Сакаат да флертуваат за да го докажат и хранат своето его. Сепак, со нив е можно да се оствари сериозна врска во која ќе бидат посветени на својата партнерка. Не очекувајте премногу изјави на љубов и романтика – овој знак сака забави и е свртен кон интелектуалното, па најмногу го привлекуваат интелигентни и духовити жени. Во еден момент се чини дека му се допаѓате, а веќе следниот ќе ве игнорира.
Не заборавајте, исто како и Овенте, така и Близнаците сакаат предизвици. Овен е, меѓутоа, позаинтересиран за потера, додека Близнаците се љубопитни кога станува збор за можности. Тие оставаат неколку опции отворени. „Сакам или не“, е прашање кое внесува најмногу драматичност во нивните животи.