Фенг шуи нуди широк избор лесни и практични совети за подобрување на вашиот живот
Но, што е фенг шуи? Ова е едноставно прашање на кое е тешко да се одговори. Фенг шуи е древна уметност и наука развиена пред повеќе од 3000 години во Кина. Тоа е комплексно знаење кое открива како да се балансираат енергиите на секој даден простор за да се обезбеди здравје и среќа за луѓето кои живеат во тој простор.
Фенг значи ветер, а шуи значи вода. Во кинеската култура ветерот и водата се поврзани со доброто здравје, па така имаме добра фенг шуи – што значи значи добра среќа и лоша фенг шуи – значи лоша среќа, или несреќа.
Фенг шуи се базира врз таоистичката визија и разбирање на природата, особено на идејата дека земјата е жива и полна со чи, или енергија.
Главни теории на фенг шуи
Древните Кинези верувале дека енергијата на некоја специфична земја можела да го изгради или урне царството, така да се каже. Теориите на јин и јанг, како и петте елементи на фенг шуи, се само некои од основните аспекти коишто доаѓаат од таоизмот.
Главни алатки што се користат во фенг шуи
Главните алатки што се користат во анализата на фенг шуи се компасот (Luo Pan) и енергетската мапа (Bagua).
a) Фенг шуи мапа (Bagua)
Мапата е октоаголна мрежа што содржи симболи на И Чинг (I Ching), античко пророштво врз кое се базира фенг шуи. Познавањето на багуата на вашиот дом ќе ви помогне да ја разберете врската помеѓу специфични фенг шуи области во домот и специфичние области од вашиот живот.
б) Фенг шуи компас (Luo-Pan)
Компасот на фенг шуи се користи за пристап до подлабоки информации за некоја локација или зграда. Тој се состои од концентрични прстени наредени околу магнетната игла. Луо значи сè, а Пан значи сад, што може да се толкува како сад кој ги содржи сите тајни на универзумот.
Фенг шуи ’лекови’
Фенг шуи нуди широк избор на ’лекови’ за подобрување на вашиот живот – од користење на фенг шуи аквариуми да се привлече просперитет, до фенг шуи кристали и фонтани; од користењето на фенг шуи бои до употребата на фенг шуи часовници постојат многу начини на кои можете да ја подобрите енергијата во вашиот дом или канцеларија.
Различни фенг шуи правци
Важно е да се сфати дека постојат неколку различни правци на фенг шуи, како и силен културолошки специфичен симболички аспект коишто треба да се користат интелигентно. Откако ќе го совладате основното ниво на фенг шуи, ќе почнете да гледате моќни резултати. Ќе сфатите и зошто фенг шуи широко се користи и во домовите и канцелариите ширум светот.
Иако некои нивоа на фенг шуи се лесни да се разберат и применат, за сржта, односно суштината, се потребни години и години проучување.
Исто како и традиционалната кинеска медицина, така и науката за фенг шуи е длабока и комплексна. Колку повеќе знаете за фенг шуи, толку повеќе има да се истражува!
Ако кликнете овде, ќе дознаете 5 едноставни фенг шуи совети за среќен брак!