Кампањата за есенската колекција на познатите патики
Познатите „стартаски“ веќе неколку години се маст-хев парче меѓу модните инсајдери во Хрватска, а од неодамна по нив полудеа и девојките од земјата на бизоните откако се појавија на страните на Вог, најважниот моден магазин во светот. Станува збор за модел од познатата фабрика Борово кои ги освои познатите трендстерки како со својот изглед, така и со тоа што се изработени од „eco friendly“ материјали.
Ова не само што е големо признание за фабриката од Вуковар и позитивен пример од кој нашите брендови можат многу да научат, туку е и одлична реклама за цела Хрватска за чии природни убавини постојано известуваат бројни познати медиуми. Најверојатно тоа и ја поттикна Мишел Грегурев, застапничката за „стартаските’ во Америка, кампањата за есен 2016 година да ја сними во Загреб, град во кој староградскиот амбиент послужи како дополнителна инспирација за снимање на нивната нова кампања.
Па, што мислите, каде се нашите брендови во оваа приказна?