Реклама
Home Sweet Home

Прекрасен стан среден според меракот на една современа жена

Реклама

Стан според меракот на модните блогерки

Иако разликата помеѓу машки и женски станови нема смисла, понекогаш некои простори совршено се прилагодени за потребите на само едниот пол. Toa на пример дефинитивно се однесува и за овој стан кој ќе го видите во продолжение, а кој е среден од страна на сестринскиот бренд на Zara, Uterqüe, и тоа според мера и потребите на својата идеална жена.

Маркетинг

Стан во кој веднаш би се вселиле

Маркетинг

Простран и светол, станот е со фокус на просторот во дневниот престој, а важен дел е и плакарот во кој можете и да се прошетате. Модерните детали се спојуваат со антиквитети, како и модата со уметноста. Гледаме високи ѕидови, многу природно светло и современи линии на софата и тепихот во комбинација со старинско дрвена маса за кафе.

Плакар од соништата

Големиот walk-in плакар е простор што ќе ја воодушеви секоја жена. Собата е просторна, широка и светла, исполнета со столчиња и софи за одлагање на омилените парчиња. На полиците има место за сите модни додатоци, од чевли до чанти, а останува и доволно простор за декорација ако рационално ги искористите сите површини.

Големите уметнички дела ги покриваат речиси целите ѕидови, а не е заборавен ни омилениот есенски материјал – кадифето. Иако станува збор за имагинарен стан, ние веќе се замисливме како би било кога би живееле во него.

А вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button