Не треба да се внесува премногу храна: кога организмот би бил создаден за тоа, би имале два стомака, а не еден, велела познатата јасновитка.
Една од најпознатите видовити личности на просторите на поранешна Југославија е, секако, Вангелија Пандева Димитрова, позната како Баба Ванѓа. Родена е во Струмица во 1911 година, а ослепела во сообраќајна несреќа кога имала само 12 години. По несреќата станала видовита, а кога се омажила, се преселила во бугарското гратче Петрич.
Ванѓа, како видовита жена и исцелителка, станала позната по нејзиниот предвидувања за глобални катастрофи кои се оствариле. Станала светски позната дури по својата смрт, поради многу исполнети пророштва, ама и она за нападот на Светскиот трговски центар во 2001 година.
За долг и здрав живот, баба Ванѓа го понудила следниов рецепт:
– Во лето што повеќе треба да одите и тоа без чевли: контактот со земјата е многу важен.
– На децата дозволете им да си играат во прашина, со цел да имаат сè повеќе и повеќе директен допир со природата.
– Треба често да се капете во вода во која се варени лековити ливадски билки, чаеви. Така, директно преку кожата најдобро се внесуваат лековити состојки.
Премини на следната страна >>