Реклама
Култура[тор]

Сага за Охрид – книга за душа и срце што треба да ја прочита секој што го сака Балканскиот Ерусалим

Реклама

Сага за најволшебното место на Балканот

Познатата охридска новинарка Валентина Неловска неодамна ја промовираше својата книга „Сага за Охрид“ со која ни ја доловува секоја ситница од минатото на луѓето кои имаат своја приказна врзана со историјата, традицијата и постоењето на Балканскиот Ерусалим. Ова е прва книга на Нелоска и поделена на 33 наслови ни ја открива својата душа вткаена во еден од најубавите градови во Македонија, но и во брановите на Охридското езеро.

Маркетинг

„Прво затоа што Охрид е центарот на мојата душа, а „Сага за Охрид“ е книгата во која ја преточив мојата голема љубов кон градот во кој што сум родена, работам и живеам. На страниците со голема посветеност потсетувам на многу луѓе, настани, моменти од живеењето на градот. Има многу носталгија на страниците и можам да кажам дека книгата така сама ја нареков „Книга за душата и срцето“ – вели Нелоска.

Маркетинг

Од друга страна„Сага за Охрид“ и од историски аспект има големо значење. Тоа го потврдува и историчарот проф. д-р Павле Митрески, кој се јавува и како рецезент на книгата. Митрески вели дека Охрид е град за кој е заинтересирана како македонската, така и светската научната јавност, а посебен допринос за тоа имаат и новинарите како Нелоска која секојдневно го афирмира градот и остава неизбришливи траги, трагајќи по архивите и остварувајќи контакти со познатите охридски семејства. „Уште на почетокот можам да кажам дека нејзиниот труд е мошне успешен и корисен за Охрид. Повеќе од 10 години преку охридската телевизија ТВМ преку емисијата Печат секоја недела ги изнесува документарните емисии од животот и работата на населението од 19 и 20 век. Со тоа според моите сознанија таа постигна полн погодок“. Покрај приказните ви книгата можете да ги видите и прекрасните слики создадени од познатиот уметник Славко Упевче кој исто така е хроничар на Охрид. Книгата беше промовирана во просториите на црвениот Крст во Охрид. 10 книги веднаш завршија во нивната библиотека, а од продажбата на останатите дел ќе има и за хуманитарни цели за семејствата од ранливата категорија.

Кога ќе ја земете книгата „Сага за Охрид“, во раце прво што ви паѓа во очи се прекрасните слики создадени од познатиот уметник Славко Упевче кој исто така е хроничар на Охрид, вели новинарот Милчо Јованоски.

Освен во Црвен крст, книгата Сага за Охрид може да се купи и во книжарницата „Просвета“ и во музичката продавница ЗЗ топ.

Поврзано

Back to top button