Со овој производ ќе ги привлекувате погледите на сите околу вас!
Не постои девојка или жена која не е запознаена со моќта на еден единствен козметички производ за кој сум сигурна дека сите го имаме во нашите несесери со шминки и препарати за убавина, а тоа е – маскарата. Овој едноставен производ создава чуда, ги буди очите и ги зголемува со само едно нанесување.
Има различни маскари кои создаваат различен изглед на очите а сите ние ја бараме онаа која прави се со само едно нанесување, а тоа е да ги зголемува, да ги затемнува, да ги извиткува и да им додаде дополнителен волумен на трепките а во исто време да биде долготрајна и да не остава траги над и под очите, затоа што да бидеме реални, тоа не изгледа убаво.
Да ве запознаам со чудото од маскара: Magna Lash маскарата од Radiant Professional Make Up е наменета за создавање на смели и спектакуларни трепки кои изгледаат како да се волшебни, нуди неверојатен волумен и сензуално извиткување на вашите трепки, маскара која прави сите кои ќе ве погледнат да се прашуваат дали тоа се ваши трепки или сте додале вештачки!
Комбинацијата на совршената формула создаденаод природни полисахариди и специјално дизајнираната четка ја негува секоја трепка со длабока, богата боја за создавање на блескави резултати со само едно нанесување.
Нема потреба од втор слој и тоа го скратува времето на вашата подготовка. Едноставно создава прекрасни, издолжени и извиткани трепки, полни со волумен, трае низ текот на целиот ден а вие уште во првото нанесување ќе забележите огромна разлика и ќе се прашувате зашто до сега не сте ја имале оваа маскара во вашата колекција на шминки.
За оние кои сакаат поинаква боја на маскара за да експериментираат со несекојдневна шминка, достапни се уште четири различни нијанси покрај типичната црна. Оваа маскара можете да ја најдете во кафена, виолетова, темно и светло сина боја.
Magna Lash Mascara – кликни тука и порачај го овој производ >>
Сите знаеме дека маскарата е најдобријот пријател на жената. Запознајте се со вашата нова омилена маскара (кликни тука и види ја цената на овој производ) која ќе ги замени сите други и ќе стане приоритет во вашата козметика.
Александра Азманова (Alekk Potter)
Фото: А.А., Штипка