Нездравата љубов е немоќна и себична.
Нездравата љубов е немоќна и себична. Таа е неодговорна, незрела и зависна. Зад неа постојат манипулации. Таа е удар кој ќе го паметите долго. Нездравата љубов поттикнува лажна надеж и го запира вашиот раст и развој, како личност, така и заедничкиот. Нездравата љубов е како дрога.
Наспроти ова, здравата љубов е избор. Таа е нешто што самите го избирате да го дадете како подарок. Има и ветувања, но такви кои ве обликуваат како личност и ве зајакнуваат. Таа е многу силна, но независна. Здравата љубов е трпелива, љубезна и умее да ве научи на вредностите во животот. Здравата љубов бара огромна количина одговорност, која вклучува комуникација на сите полиња, но и активно размислување.
Здравата љубов гради доверба. Здравата љубов е ретка, но ВОЗМОЖНА!