Топ производи за нега на бојадисана коса кои можете да ги најдете на нашиот пазар

Секоја сезона носи нови трендови, а тоа се однесува и за производите за нега на коса каде главна цел е нашата коса да биде здрава, убава и сјајна.

Новите директиви што се однесуваат до нега на косата во себе го вклучуваат аспектот дека убавината доаѓа од внатре, а тоа најмногу се однесува на додатоците во исхраната кои што можат да ни помогнат да имаме убава и здрава коса. Тука секако дека треба да го земеме во предвид и користењето на благодатите на науката и новите професионални производи за нега на коса кои можат многу да ни помогнат нашата коса да изгледа сјајно, здраво и убаво.

ADVERTISEMENT

Што се однесува до фарбаната коса, таа бара посебно внимание и нега за да изгледа убаво и здраво, да го има посакуваниот сјај и да се задржи бојата што е можно подолго, посебно земајќи во предвид дека честото бојадисување на косата може да доведе и до појава на сува и оштетена коса. Од друга страна, негуваната коса е еден од главните женски атрибути кој секогаш привлекува внимание, а за да имаме ваква коса неопходно потребно е нејзино правилно миење, негување и одржување. Основната намена на производите за нега на коса од новата линија на Lorvenn Paris е да го храни коренот на косата, да го обнови и зајакне, земајќи ги во предвид негативните влијанија на низа фактори како фарбите за коса, хидрогенот, топлината од фен или преси за коса, чад од цигари, стрес, ултравиолетови зраци и т.н.

CHROMACARE SYSTEM

Основната цел на новата филозофија на професионалните производи од LORVENN PARIS (шампони, регенератори и маски за коса) е да ја хранат, негуваат и да и дадат цврстина и сјај на фарбаната коса. Секоја коса која е хемиски третирана е кршлива, сува, без сјај и слаба и има потреба од дополнително третирање со специјални производи. Професионални производи на LORVENN PARIS со ефикасната нова филозофија „Chromacare System“ се тестирани од професионални стилисти за коса. Производите се со специјално избрани состојки со чија помош ќе имате убава и здрава коса, а нивните основни карактеристики се современата технологија, врвниот квалитет и ефикасност.

Новата иновативна формула е специјално дизајнирана да ги задоволи потребите на секој тип на коса. Производите се тестирани во живо, НЕ содржат парабени и се дерматолошки тестирани од независна лабораторија.

Производите вклучуваат три основни категории:

1. ТЕРАПИЈА

SILK Repair

Оваа линија првенствено е наменета за потхранување, обновување и сјај на вашата фарбана коса. Производите содржат природни свилени протеини и Б5 провитамини и се наменети за сува, хемиски третирана коса.

KERATIN Vitality

Оваа линија првенствено има за цел и даде цврстина на косата и да ја заштити од опаѓање. Содржи напреден систем со активен кератин и активен био комплекс, а наменета е за тенка коса, безживотна боја и хемиски третирана коса.

2. ЗАШТИТА НА БОЈАТА 

PHYTO Glam

Oваа линија има за цел да ја заштити бојата на вашата коса и да и даде природен сјај. Формулата преставува иновација со црвени фитопигменти (црвени екстракти во боја) и првенствено е наменета за кафена, црвена и бакарна фарбана коса.

SILVER Pure

Оваа линија првенствено е наменета за неутрализирање на жолтите тонови и за враќање на сјајот на вашата коса. Во составот вклучува екстракт од боровинка и протеини, а наменета е за сива, руса и шатирана фарбана коса.

3. СТИЛИЗИРАЊЕ

VOLUME Tonic

Оваа линија има за цел да и даде густина и волумен на вашата коса. Станува збор за нова технологија за зголемување на волуменот со специјални протеини и пептиди, наменета за тенка и фарбана коса.

FRIZZ Free

Оваа линија има за цел да обезбеди подобра контрола на локните и флексибилност на нескротливата, виткана коса. Производите содржат активен хидратантен комплекс, провитамин Б5 и морски алги и со нив можете да добиете совршени локни. Наменети се за нескротлива и виткана фарбана коса.

Пакување:

Пакувањето е едноставно со чисти едноставни линии на пластичното заоблено шише со капаче кое многу лесно се отвора и затвора. Шампоните со во сива и светли сини нијанси, додека регенераторите и маските во бела боја. 

Производите можете да ги најдете во сите продавници на Космо Тинекс, а наскоро ќе можете да ги порачате и преку системот на Trgovski.mk.

Facebook Comments
No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.