Реклама
Трендови

Проѕирни фустани без гаќички и градници – тренд на кој не му се гледа крајот во Холивуд

Реклама

Можеби голите деколтеа повеќе не се ИН, онака како што тоа го сакаше и уредничката на американскиот Вог, но тоа не значи дека голотијата заминува од модната сцена, особено НЕ во земјата на бизоните.

Еден од најатрактивните трендови меѓу познатите холивудски девојки кој се почесто го гледаме на црвениот килим се жешките фустани кои поприлично се тесни и многу малку оставаат на фантазијата. И ако фустанот е со длабок прорез или проѕирен материјал и тоа на критичните делови, тогаш ѕвездите имаат проблем да изберат долна облека која нема да се гледа и да се оцртува (иако искрено не ни е баш најјасно зошто би им пречело тоа!). Токму затоа и се одлучуваат за оваа опција која е нов феномен во модата.

Маркетинг

Мажите во очај, но тоа и го заслужија! Овој тренд станува минато >>

Маркетинг

Познатата британска старлета (за оние што ги интересира станува збор за Марни Симпсон, девојка која би можеле да ја споредиме со Сораја или Станија во наши „балкански“ рамки) е една од последните девојки која на црвениот килим се појави во издание кое за многумина ги преминува границите на пристојноста. Имено, старлетата под проѕирниот фустан од тантела не носеше гаќички, ниту пак градник, па сите присутни (а богами и ние додека ги заматувавме фотографиите!) имаа шанса добро да ги разгледаат нејзините интимни делови.

Овој фустан ја истакнува половината на најдобар можен начин >>

И Ана Николиќ го фура овој тренд …

Но како што рековме на почетокот, не е само таа која му се „поклонува“ на овој необичен и контроверзен тренд. И најпознатата старлета на светот Ким Кардашијан многу често можеме да ја видиме како се шета без градник, а тоа беше така и кога го носеше овој проѕирен фустан на кој нејзините гради беа како на тацна (пред да ги „замачкаме“, секако).

И на манекенката Кендал Џенер исто така градниците не и се омилен моден додаток. Но за разлика од нејзината сестра таа нејзините брадавици ги покри стратешки со црни ѕвезди, за разлика од нејзината другарка и колешка Бела Хадид која во фустанот од Диор со денови беше главна тема во таблоидите (инаку токму овој бренд ја промовира голотијата во име на феминизмот, што по малку е и контрадикторно, нели?).

Трите најпознати ит девојки ги покажаа градите во фустани од Диор: што се случува? >>

Па што мислите за овој тренд? Да, факт е дека сите живееме во времето кое во историјата ќе се памти како време на старлетите (сетете се само на приказните за Вавилон и неговите девојки), но каде е границата? Дали следува нешто што ќе биде уште пошокантно – на пример мажи во проѕирни панталони, или пак, девојките од Холивуд конечно ќе почнат да носат долна облека, ако не за друго, тогаш барем заради лична хигиена.

Деколтеата се минато – покажете го овој дел од телото >>

Што мислите вие?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button