Реклама
MAMAКафе муабет

Поучна приказна за тоа како треба да реагираме на навредите

Реклама

Еден човек јавно го навредувал некој мудрец:

– Ти си безбожник! Пијаница! Крадец!

На тие навреди мудрецот само се насмевнал. Ова го набљудувал некој друг човек, па му рекол:

Маркетинг

– Како можете да толерирате вакво нешто? Зар не ве болат овие зборови?

Мудрецот повторно се насмевнал и рекол:

Маркетинг

– Ајде да одиме кај мене, имам нешто да ви подарам.

Човекот кој бил добро облечен во нова облека тргнал кон него, па стигнале до една стара соба. Мудриот човек го вклучил светлото и почнал да пребарува во неговиот ормар, каде нашол еден целосно безвреден капут. Му го подал на човекот, па му рекол:

– Пробајте го, сигурно ќе ви одговара.

Човекот го зел капутот, го погледнал подобро, па налутено рекол:

– Што ќе ми е овој гнасен капут? Јас сум добро облечен, вие сте сигурно луди!

При што му го фрлил капутот назад…

Ете, гледаш – рекол мудрецот – вие не сакате да го прифатите овој гнасен капут. Слично на ова, ниту јас не сакав да ги прифатам оние гнасни зборови кои човекот ми ги упати мене.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button